Песокот е нешто што го земаме здраво за готово и сметаме дека го има во изобилство. Сепак, побарувачката за овој ресурс е толкава, што веќе има и црн пазар.Песочната мафија е одговорна за ерозија на земјиштето во Јамајка, а веќе е сосема нормално наоѓалиштата на песок да ги чуваат вооружени луѓе.
Како градежен материјал, песокот го помина тестот на времето поради тоа што се користи уште од стар Египет во 3500 година пред новата ера. Денес се користи за многу нешта – од изградба на базени, до екрани на мобилните телефон и забни пасти.
Со светскиот бум во градежништвото, но и новите технологиии кои се користат при бушење на нафтата, побарувачката за песокот нагло се зголемила.
Во 2014 година, производството изнесувало 196 милиони тони. Минатата година пазарот за песок во САД изнесувал 8,7 милијарди долари. По водата ова е најмногу користен природен материјал.
Побарувачката за песок е нерамномерно распределена на планетата. Кина во изминатите 4 години потрошила повеќе песок отколку САД во минатиот век. Инаку, Кина е петтиот најголем увозник на песок на свет. Дури и Обединетите Арапски Емирати увезле песок во вредност од 456 милиони долари.Песочната мафија е одговорна за ерозија на земјиштето во Јамајка, а веќе е сосема нормално наоѓалиштата на песок да ги чуваат вооружени луѓе.



