Изборите во Македонија завршија и нема човек кому не му е јасен исходот, деструктивната политика на Зоран Заев и СДСМ е поразена. За СДСМ и покрај целата помош и поддршка од невладините организации на Сорос, покрај коруптивното купување гласови со пари или со дрва кое го документираше полицијата, гласаа 436 981 граѓани, околу 20 илјади помалку од бројот на гласови кои ги доби ВМРО-ДПМНЕ.Огромното мнозинство граѓани гласаше против кризата во која што Заев ја втурна Македонија и против криминалниот начин на кој што лидерот на СДСМ ја практикува власта во Струмица.
Проектите од програмата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ги поддржа огромното мнозинство од 455.000 граѓани, а голем број гласаа и за останатите партии порачувајќи му на Заев дека тој и СДСМ ја немаат нивната поддршка.
Зоран Заев полека сфаќа дека е поразен и сфаќа дека ќе мора да одговара за криминалот и дека веќе нема да може да се крие зад политичката функција. Од него се очекува одговорност и во партијата и одржување на ветувањето дека ќе се повлече од политиката доколку не победи на изборите.
Токму затоа Заев сега прибегнува кон праксата на поискусните. Црвенковски уште во 2011 година се обиде поразот на СДСМ да го претстави како победа, собирајќи ги на свое конто сите гласови кои беа дадени за останатите партии, но не за СДСМ. Таквата математика пропадна, а народот уште тогаш ја прочита манипулацијата.
На Заев сега му останува преку дебело платената српска пропагандна машинерија да се обиде повторно да го манипулира народот во Македонија и поразот да го претставува како некаква победа. Лагите на Заев минуваат за пари само уште кај српски „Курир“
Неделникот „Република“ неодамна аналзиираше дека српски „Курир“ продолжува да функционира како огласна табла која што СДСМ скапо ја плаќа за да се објавуваат лагите на Заев кои што се разобличени и не минуваат кај македонските граѓани.
Задачата која скапо ќе ја наплатат продавачите на магла од Србија сепак не е само да ја дефокусираат јавноста во Македонија од Заев и неговите испади, туку и да ја „исперат“ главата на Заев. Заев, кој е свесен дека нема визија за конструктивна кампања, ниту програма и проекти Заев мора себе во оогледало да се гледа како херој, па колку и да го чини тоа според ценовникот на ПиАр стратезите Шчекиќ и Бендер.
-Курир.рс освен како огласна табла за случаеви како Заев е потполно неважен портал во соседна Србија и служи само за пласирање на вакви спинови во земјата и во регионот. Доколку во екот на насилствата во Македонија за време на протестите на СДСМ, како и за време на полициската акција во кумановско Диво насеље, беше искористен за пласирање на лажни информации и ширење на паника, во Србија повеќе пати е тема на судски процеси, како тужена страна од политичари и јавни личности, анализираше Република.
Меѓу оние кои поведоа правна постапка против порталот Курир.рс е и поранешниот градоначалник на Белград. Министерот за внатрешни работи на Србија јавно на прес конференција ги посочи дека лажат, додека премиерот Александар Вучиќ јавно ги повика да кажат колку им се високи дневниците со кои се платени од СОРОС.
Зоран Заев како и секогаш кога ќе му загусти, на помош ги повикува „продавачите на магла“ од Србија.Огромното мнозинство граѓани гласаше против кризата во која што Заев ја втурна Македонија и против криминалниот начин на кој што лидерот на СДСМ ја