Во зимно време во еден просечен дом од дишење и готвење се ослободува 10-15 литри вода во форма на пара која треба да биде исфрлена надвор или истата ќе се впие во ѕидовите и за некој период ќе формира мувла. Кај стари прозорци со слабо дихтување обично нема потреба од чести проветрувања бидејќи преку процепите во прозорците воздухот внатре-надвор циркулира непречено. Нешто слично како кога во колата ќе го отворите прозорот неколку милиметри и ќе ја снема влагата од стаклата. Проблемот со прозорците што не дихтуваат се простории што е невозможно да се загрејат, високи сметки за струја и ладни ѕидови кои создаваат предуслов за мувла.
Златко Ангеловски управител на Проспера предлага просторијата да се проветрува неколку пати дневно по неколку минути (задолжително пред легнување и од сабајле) со широко отворени прозорци, по можност со отворање на повеќе прозорци истовремено и создавање поголема циркулација на воздухот со што побрзо се исфрла топлиот влажен воздух надвор а внатре влегува сув ладен воздух без да се изладат ѕидовите и мебелот во просторијата.
Релативната влажност на воздухот е зависна од температурата, основно правило е дека топлиот воздух прима многу повеќе влага од ладниот воздух. Ова се две многу важни последици на правилото
Ова се неколку совети од Проспера за намалување на влага во просторијата:
Да не се проветрува со оставање прозорци на кипање подолго време бидејќи така многу се ладат ѕидовите околу прозорот и се подложни на создавање поголема мувла.
Влажноста во просторијата не треба да надминува 60%.
често проветрување по 5-10 минути со целосно отворени прозорци. За тоа кратко време ќе излезе влажниот топол воздух а ќе влезе сувиот ладен воздух. Бидејќи сувиот воздух се загрева за 4 пати побрзо од топлиот, а зидовите и предметите во просторијата за тоа кратко време не можат да се изладат просторијата веднаш ќе се загрее. Сигурно сте забележале зимно време по кратко проветрување, просторијата веднаш се затоплува како пред проветрување.
Да избегнуваме сушење алишта во затворени простории.
да се држат затворени вратите од просториите кои не се загреваат, за да не влегува во нив влажен воздух од дневната или кујната, влажен воздух кој во незагрејаните простории се лади и кондензира на ѕидовите и прозорите.
Доколку во спалните соби имаме голема кондензација за време на спиење да ја оставаме отворена вратата за да влажниот воздух се шири и во другите простории со што би се намалила влажноста во спалната и со тоа создавање на мувла во истата.
Доколку и покрај сите овие превземени мерки имаме појава на прекумерна кондензација, решение може да се бара во одвлажнувач на просторијата. Електричен апарат кој ја регулира влажноста во просторијата
Ако се земе пример дека во дадена просторија температурата е 20° C, а релативна влажност на воздухот 50 %, при ладење на истиот воздух до 9,3° C може да се појави кондензација и лепење на влагата по ладните околни површини (ѕидови и стакла).
Квалитетни ПВЦ прозорци со квалитетни нискоемисиони и 4 сезони стакла имаат неколку пати подобри изолациски својства од стандардни ПВЦ прозорци со обичен флот термопан, со самото тоа внатрешната просторија ќе ви биде потопла и поотпорна на создавање ње кондензација и мувла.
Од Проспера советуваат дека главниот збор во изолација на еден ПВЦ прозор го има стаклото. Подолу е табела на изолациски својства на повеќе различни термопани, каде Ug означува коефициент на спроводливост на топлина на термопанот. Помала Ug бројка означува помала топлопроводливост = на подобра изолација.
Една од главните причини за појавата на зголемена влажност во домот, на појава и на мувла или влага се старите и нефункционални прозори. Кои се пропустливи, нефункционални и со крајно ниски изолациони карактеристики.
Кога бирате нови ПВЦ прозорци, покрај на профилот, обрнете внимание и на стаклото (термопанот), бидејќи тоа ја има главната улога во топлотната и звучната изолација, на дебелината на железото во ПВЦ профилот која му дава стабилност на прозорот, како и на оковот кој има најголемо влијание во функционалноста и безбедноста на прозорецот.
Квалитетните прозорци со правилно изработен термопан спречуваат да навлезе вода од надвор и да дојде до кондензација меѓу стаклата. Термопанот е околу 80% од целиот прозорец и најмногу влијае на изолациските карактеристики на прозорецот како топлинска изолација. Термопанот е конструкција од две или повеќе стакла, меѓу кои има воздушен простор, создаден од различни по големина дистанционери и затворен херметички
Термопаните кои содржат нискоемисионо стакло или високоенергетско стакло (4 сезони стакло) ја задржуваат топлината во просторијата за време на грејната сезона, а заштитуваат и од сончевата топлина за време на летните месеци. Обезбедуваат одлична звучна изолација и штитат од штетни ултравиолетови зраци. https://prospera.com.mk/benefiti-od-pvts/
Потоа со редовно проветрување, се регулира влажноста на воздухот во внатрешните простории, се заменува стариот со нов воздух, и се спречува кондензација.
Ако се решите за замена на старите прозорци, гледајте да ставите нови од реномирана компанија, која дава гаранција за квалитетот, може да обезбеди сервис, и секако многу брзо да ја заврши договорената работа. Во тој домен ви ја препорачуваме Проспера, компанија на која минатата година довербата им ја доверија огромен број на граѓани и компании, и чии монтажери само во текот на 2016 година монтираа над 10.000 м2 прозорци.
Дополнително, внимавајте при проектирањето и поставувањето на прозорците да влегува што поголема светлина во просториите. Истражувањата покажуваат дека кога се работи и живее во простории со поголема дневна светлина, значително поголемо е нивото на оптимизам и продуктивност. Ова посебно важи за работни простории, училишта и други јавни простории.
Прозорите од понудата на Проспера се составени од докажани профили, окови и термопани. Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани. https://prospera.com.mk/
Инвестирајте во среќа и здравје!Златко Ангеловски управител на Проспера предлага просторијата да се проветрува неколку пати дневно по неколку минути (задолжително пред л