„Тој е совршен. Не сум тажна, туку едноставно се плашам за неговото здравје“, изјавила мајката на детето. Со оглед на тоа што тој нема нос, мора да му биде ставено цевче кое ќе му помага при дишењето.Илај Томпсон се роди на 4 март, сосема здрав, но без нос.
„Породувањето мина во најдбоар ред. Лекарот го стави на моите гради, а кога подобро го погледнав, забележав дека нема нос и тогаш го однесоа од собата“, вели мајката на момчето Бренди Мекглатери (23) од Алабама, која има уште две деца.
Лекарот Крег Браун вели дека се забележани само 38 случаи во кои бебето се раѓа потполно здраво, но без нос.
„Се имам сретнато со разни деформации на лицето, но ова е прв пат да видам бебе кое е сосема здраво, но нема нос“, вели Браун. Тој додал дека бременоста била уредна и дека тестовите покажале дека Илај има назална коска.
„Илај одлично напредува. Тој е пресладок и е вистински борец“, вели Браун.
„Не сакам другите да го исмеваат и да го сожалуваат. Тој е среќно бебе. Тој е нашето чудо“, вели мајката. Илај беше пуштен на домашна нега на 30 март, пренесе ABC News.
Исто така, неговата мајка покренала иницијатива за собирање средства преку сервисот GoFundMe. Таа барала 5.000 долари, а луѓето ширум светот досега донирале над 17.000 долари.
„Пред нас се наоѓаат години и години на операции и прегледи кај лекари кои нималку не се наоѓаат во наша близина“, изјавила мајката.
На овој профил можете да следите како ќе напредува закрепнувањето на Илај. Илај Томпсон се роди на 4 март, сосема здрав, но без нос.
„Породувањето мина во најдбоар ред. Лекарот го стави на моите гради, а кога



