За прв пат во историјата на Скопски Маратон во недела од 9:00 часот на плоштад Македонија ќе се случи спектакл

За прв пат во историјата на Скопски Маратон во недела од 9:00 часот на плоштад Македонија ќе се случи спектаклСкопје (06.05.2016) Во недела, 8-ми мај, во Скопје ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон 2016 кој што се вбројува во еден од најдобрите маратони во регионот и годинава според сите најави ќе може да се спореди со познатите маратони од други светски метрополи. Токму за време на маратонот на кој ќе учествуваат повеќе од 8.000 учесници, а на улиците низ Скопје се предвидува да има уште неколку илјади гледачи,  ќе се одржи вистински спектакл. Имено во 9:15 часот на плоштад Македонија, пред скулптурата со фонтана Воин на коњ,  г-ѓа Луиза Винтон, постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА) за Република Македонија, ќе ја открие герила акцијата која што ќе се одвива за време на маратонот.
Во акцијата за УНДП која за прв пат ќе се спроведе во Македонија учествуваат и две познати лица од нашата држава чии имиња ќе ги открие г-ѓа Винтон и истите ќе дадат изјави за медиумите и ќе ја објаснат герила активноста.
Редослед на активности за недела – 06.05.2016
09:15 ч – Изјави за медиуми од г-ѓа Луиза Винтон, постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА) за Република Македонија
09: 25 ч – Изјави за медиуми од двете познати личности од Македонија чии имиња до недела ќе се кријат во тајност и за време на Виз Ер Скопски Маратон 2016 ќе  ја поддржаа активноста и ќе бидат вистинско изненадување за сите посетители
09:30 ч – Спектакуларно одбележување на настанот пред повеќе од 10.000 илјади луѓе
 
 Скопје (06.05.2016) Во недела, 8-ми мај, во Скопје ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон 2016 кој што се вбројува во еден од најдобрите ма

Пронајдете не на следниве мрежи: