За прв пат во Македонија: Аплицирате за потрошувачки кредит веќе и по телефон

Новата финансиска институција М Кеш ни представува уште една силна иновација.Само неколку месеци по влегувањето на пазарот во Македонија, небанкарската финансиска компанија М Кеш нуди уште една силна иновација во понудата на потрошувачки микрокредити во земјата. Клиентите на компанијата, освен преку интернет, ќе можат да аплицираат за доделување на кредит веќе и по телефон – најнова услуга која целосно ќе им го олесни пристапот на Македонците до потребното финансирање, каде и да се наоѓаат.
Од М Кеш посочуваат дека за понудата на новата услуга, компанијата отворила национална бесплатна телефонска линија 0800 11 700, на која корисниците ќе можат да аплицираат за кредит, како и да склучат договор, само со лична карта, дури и без да ја напуштат удобноста на својот дом. Аплицирањето се одвива брзо, удобно и лесно, при јасни услови и транспарентни карактеристики на производите на М Кеш, како и со загарантирана заштита на личните податоци на корисниците. Барањето за паричен заем се разгледува до 2 часа, а доделувањето на одобрената сума се врши во рок од 24 часа, што е над 10 пати побрзо решение од традиционалното кредитирање во земјата.
М Кеш, која ја развива дејноста во земјата од пролетта, е дел од меѓународна небанкарска група која на европскиот пазар е со над 10 години искуство во кредитирањето. Компанијата, која работи во Македонија само неколку месеци, е прва од таков вид во земјата, која предлага финансиски производ развиен целосно според потребите на Македонците. М Кеш е и најиновативната небанкарска структура во земјата, која нуди апликацирање за кредити целосно онлајн на www.mcash.mk, а сега веќе и по телефон на 0800 11 700.
“Со нашата најнова услуга, ние во М Кеш, веруваме дека нудиме висок степен на погодност за корисниците, без разлика каде тие се наоѓаат. Постојано се развиваме и нашите кредитни производи ги нудиме транспарентно, одговорно, со јасни услови за клиентот, за да го гарантираме нивниот мир, предвидливост и степен на контрола врз плаќањето на фиксните рати. Користењето на високотехнолошки софтвер на платформата обезбедува сеопфатна заштита на личните податоци на нашите клиенти, што е дополнителен степен на безбедност и дискреција од наша страна “, изјави Валентин Гетов, управител на М Кеш.
Интересот за производите и иновативните решенија на М Кеш постојано расте, така за помалку од четири месеци, илјадници Македонци изгласале доверба на компанијата и одбрале онлајн апликација за небанкарски потрошувачки кредит. На сајтот на компанијата www.mcash.mk е објавен калкулатор, благодарение на кој, само со неколку кликања секој корисник може да ги провери сите можни варијанти на трошоците и роковите за исплата на производите на М Кеш – Mflex и MFix.
Предностите на М Кеш

Брзина – за сите оние кои не сакаат да чекаат, М Кеш обезбедува побрзо решение за доделување на потрошувачки кредит наспроти традиционалните производи во земјата;

Олеснета процедура – М Кеш доделува потрошувачки кредити само со лична карта, без усложнување и дополнителни барања и гаранции;

Транспарентност – М Кеш е секогаш до своите клиенти и гради доверба со нив, така што јасно ги презентира параметрите на своите производи, без скриени услови и такси;

Флексибилност – производите и услугите на М Кеш се нудат спрема индивидуалните потреби на корисникот;

М Кеш на своите корисници им гарантира заштита на личните податоци и целосна доверливост.

М Кеш Македонија има планови за стабилно присуство и долгорочен развој во земјата. Освен нови производи и услуги, компанијата работи и врз можноста за обезбедување на пократки рокови за одобрување на барањето за кредит на својот сајт www.mcash.mk, како и за спроведување на атрактивни онлајн маркетинг активности, меѓу кои е Програмата за лојалност на клиенти. На краток рок, М Кеш предвидува соработка со различни партнерски мрежи во земјата, што ќе обезбеди дополнителни можности за корисниците на најиновативната компанија за небанкарски потрошувачки кредити во Македонија.
За М Кеш
М Кеш е дел од меѓународната небанкарска финансиска група “Easy Asset Management”, која има над 10 години искуство на пазарите во Бугарија, Романија, Полска, Украина и Чешка. Глобалната институција располага со околу 300 сопствени канцеларии и над 6 000 вработени, како и над 1 200 000 доделени кредити. “Easy Asset Management” оперира и со една од најголемите и добро развиени консултантски мрежи, вклучувајќи илјади луѓе. Портфолиото на “Easy Asset Management” опфаќа различни водечки производи и услуги во областа на микрокредитирањето, меѓу кои и Mflex и MFix на компанијата М Кеш. Повеќе за М Кеш Македонија може да прочитате на сајтот на компанијата: www.mcash.mk Само неколку месеци по влегувањето на пазарот во Македонија, небанкарската финансиска компанија М Кеш нуди уште една силна иновација во п

Пронајдете не на следниве мрежи: