четврток, 12 ноември 2026
Најново

За работа како доктор нудат 115.000 евра годишно на Нов Зеланд, но НИКОЈ не се пријавува!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Плата од 190.000 новозеландски долари годишно (околу 115.000 евра), со три месеци одмор и слободни викенди, не беа доволни местото Токороа да најде нов доктор.Д-р Ален Кени, сопственик на локална ординација во која работата цути во последните година дена, вели дека и покрај сите овие бенефиции, четири месеци не може да најде доктор кој би му помогнал, иако понудил дури и пола од ординацијата.
-Има сѐ повеќе работа и не можам сам да постигнам. Заработката е неверојатна и ќе биде сѐ поголема. Ја сакам мојата работа и сакам да продолжам да работам, но буквално удирам со главата во ѕид обидувајќи се да најдам некој со кого ќе ги поделам обврските – вели докторот кој во моментов има дури 6.000 пациенти.
Овој доктор веќе има 61 година и смета дека ако продолжи со ова темпо, нема да може уште долго да издржи.
-Кога е волку тешко да најдам помош, како ли ќе ми најдат замена кога веќе нема да можам да бидам во можност да работам – се прашува Кени.
Докторите на Нов Зеланд во просек примаат помеѓу 150 и 200 илјади новозеландски долари годишно. Како причина за недостаток на интерес за позицијата во Токороа надлежните ја наведуваат изолираноста на локацијата, слабиот избор на училишта и руралното окружување.Д-р Ален Кени, сопственик на локална ординација во која работата цути во последните година дена, вели дека и покрај сите овие бенефиции, четири мес

Поврзани вести