За само 2 часа во Скопје наврна дожд колку што обично паѓа за цел месец август

Синоќа и утрово во Скопје за само 2 часа наврна дожд колку што обично паѓа за 1 месец во август во последните децении. Овој податок се чини дека најдобро отсликува од каков размер е невремето кое попладнево го зафати скопскиот регион, а кое според последните информации предизвика катастрофални последици.Од УХМР изјавија дека за 2 ипол часа наврнале 33 литри на метар квадратен.
-Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците кои можат да се најдат, многу годишниот просек на врнежи во Скопје во август е 34,4 литри на метар квадратен. Ова значи дека во Скопје за само 2 часа наврна дожд колку што обично паѓа за 1 месец во август во последните децении
Ваквиот податок најдобро ги отсликува размерите на невремето со кое се соочи Скопје. Воедно, природната катастрофа и најголемите и најобилни врнежи кои досега се забележани во Скопје веројатно имаат трагични последици и резултираат со загуба на човечки животи. 
Извори од институциите кои беа на терен потврдија дека катастрофалните поплави предизвикаа човечки жртви. Неофицијално, се работи за неколкумина жртви.
Истите извори велат дека вакви катастрофични сцени се немаат забележано во Скопје. Од обилните врнежи кои паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје.
Силата на ударот на природната непогода бил толку силен што десетици возила зафатени од невремето буквално биле истуркани од водниот бран и пловеле дури и по неколку стотици метри. Невремето корнеше и дрва и предизвикуваше свлечишта, одрони на повеќе локации низ Скопје.Од УХМР изјавија дека за 2 ипол часа наврнале 33 литри на метар квадратен.
-Во невремето што зафати делови од државата

Пронајдете не на следниве мрежи: