За само 4 месеци од Хрватска се пренесени 3000 тони оружје за Сирија!

Загреб стана меѓународен центар за достава на оружје за сириските побуненици, пишува „Јутарњи.хр“.Во периодот помеѓу ноември минатата година, па до февруари годинава, од загребскиот аеродром Плесо полетале вкупно 75 транспортни цивилни авиони со кои било пренесувано наоружување за сириските побуненици.
Освен хрватско оружје, со тие авиони било пренесувано и оружје од други европски држави чие собирање го организирале САД.
Според дипломатски извори за хрватскиот лист, првите два до три превози на оружје ги извршила турската авиокомпанија Turkish Cargo, која е во сопственост на Turkish Airlines, а потоа превеозот го преземала јорданската компанија Jordanian International Air Cargo.
Имено, американските функционери ги ангажирале партнерите – Хрватска, Саудиска Арабија, Јордан и Турција, за да помогнат во операцијата за наоружување на противниците на сирискиот режим. Америка го организирала собирањето на оружјето, Саудиска Арабија плаќала, а Јордан и Турција го пренесувале оружјето кое од јорданска територија било префрлувано во Сирија.
Улогата на Хрватска била силна. Дел од хрватското наоружување – ракетни фрлачи М79 и РПГ-22, рачни фрлачи на гранати РГБ-6 и топови М60, биле издвоени од магацините. Непознато количество од тоа оружје заминало во Сирија од загребскиот Плесо со турските авиони А310 и Иљушин 76МФ.
Но, на Плесо било донесувано и оружје од неколку европски земји, меѓу кои и Велика Британија, кои потоа со транспортни авиони биле носени во Јордан, а потоа во Сирија.
Се проценува дека во текот на организираните 75 летови, биле пренесени околу 3000 тони различно оружје и муниција.
Во целата приказна, Хрватска се покажала како лојален партнер на САД, со оглед на фактот дека Вашингтон одигра круцијална улога при процесот на влегувањето на Хрватска во НАТО и ЕУ.Во периодот помеѓу ноември минатата година, па до февруари годинава, од загребскиот аеродром Плесо полетале вкупно 75 транспортни цивилни авиони со

Пронајдете не на следниве мрежи: