За само една недела 1000 болни од грип во Кавадарци

За една седмица има 1024 заболени од грип во Кавадарци, за разлика од минатата година кога во истиот период  биле регистрирани само 58 случаи.Досега на подрачјето на Кавадарци и Росоман се евидентирани вкупно 1.420 пациенти со сезонски грип. Ова се податоците кои денеска ги соопшти доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Кавадарци.
Јовановски појасни  дека ова се регистрирани граѓани кои на лекување дошле во установи кај матичните лекари, од каде и е можно да се врши евидентирање. Голем дел од пациентите не се јавуваат на лекар и лекувањето го прават дома со сопствена терапија. Тоа значи дека вкупниот број е повисок.
– Ако се направи споредба со минатата година кога сме регистрирале само 58 случаи, сега зголемувањето на болните од грип е речиси 25 пати повеќе, нагласи  Јовановски.
Тој апелираше до населението превентивно да се влијае во заштитата од грипот, а даде и препораки како треба да се однесуваат веќе заболените.Досега на подрачјето на Кавадарци и Росоман се евидентирани вкупно 1.420 пациенти со сезонски грип. Ова се податоците кои денеска ги соопшти доктор

Пронајдете не на следниве мрежи: