Фалсификувани бугарски лични карти и пасоши на име на министри од Владата и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, потоа фалсификувани бугарски имотни листови, монтирани фотографии, едитирани видео материјали, илјадници лажни лични карти од Република Македонија, панцири, како и преку 70.000 незаконски снимени разговори. Ова се дел од запленетите материјали пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за афери”, соопштуваат извори во истрагата за Медиа Груп Македонија.„Вечер“ објави анализа на последните настани под наслов „ За СДСМ нема политика без криминал и криминал без политика“.
Во компјутерите на осомничените во случајот „Фабрика за афери“, најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки, а во нив требало да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Тие фалсификувани урнеци секако би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.
Техничкиот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и уште неколку функционери на СДСМ имале директна комуникација со првоосомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш. Средбите започнале во септември минатата 2014 година, а се одржувале во седиштето на СДСМ во Скопје, но постојат докази дека Оливер Спасовски лично бил во објектот на фабриката за афери и тоа неколку пати.
Освен директните состаноци, раководството на СДСМ имало и интензивна телефонска комуникација со осомничените Захир Бекири, неговиот брат Имер и Аднан Сума, во која им давале налог кои фалсификати и за кои намени да бидат подготвени.
Извори на „Вечер“ велат дека планот бил овие фалсификувани документи да бидат обелоденувани на прес-конференции по 15 јануари, односно да се удри најсилно по оставката на Никола Груевски, па се до одржувањето на изборите.
Од досегашната истрага е потврдено дека во најинтензивна комуникација биле Оливер Спасовски и лидерот на партијата Зоран Заев и тоа од почетокот на годинава. Периодот во кој се среќавале во голема мера се поклопува и со периодот на емитувањето на таканаречените бомби.
Фолдерот со 70.000 прислушувани разговори бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на Договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за предавање на незаконски стекнатите материјали. Според истите извори, овие фајлови биле складирани на еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ – Заев”.
Сите разговори се незаконски снимени од македонски политичари, а од комуникациите кои досега се проверени постојат индиции дека имало и намера истите да бидат продавани во други држави. Како што и самиот се пофали Зоран Божиновски кој се крие во Србија, а во моментов е баран со потерница за случајот „Шпион”, веќе му биле доставени дел од незаконски снимените разговори.Со овие нови моменти во истрагата за „фабриката за афери” на СДСМ, станува повеќе од јасно зошто Заев одлучи да не го почитува Договорот од Пржино и да ги прекрши законите со непредавање на материјалите.
Покрај аферата со личните карти која ја откри полицијата, оваа група најверојатно стои и зад наводната афера со фалсификуваните пасоши, а заедничко за двете афери е тоа што ги објави ист новинар од весникот Фокус. Интересно е што за таа афера, новинарот на весникот Фокус доби и награда од ЕУ од Македонскиот институт за медиуми.
Целата анализа прочитајте ја на ВЕЧЕР„Вечер“ објави анализа на последните настани под наслов „ За СДСМ нема политика без криминал и криминал без политика“.