Додека албанските лобисти во САД и албанските политичари во регионот лицитираат со високи проценти на албанското малцинство во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз, кој е предводник на идниот владин состав, смета дека на пописот на населението не му е место во владината програма. Пребројувањето на населението, чиј последен обид заврши неуспешно и со прекинување на процесот во октомври 2011 година, во моментот не ниту на маса ниту се спомнува како тема додека потенцијалните коалициски партнери во идната влада ја договараат распределбата на ресорите, пишува ДНЕВНИК. Откако изборите на 11 декември завршија и откако се видоа резултатите, од страна на оваа партија престана и да се зборува за пописот – ветување што последните две години беше најкатегорично најавувано. Пописот не е споменат со ниту еден збор во програмата за работата на Владата во периодот од 2017 до 2020 година, која ја претстави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Зошто социјалдемократите се откажаа од ова изборно ветување и не го предвидоа во владината програма?
– Пописот ќе се регулира со закон, а законите не се предвидуваат во владините програми. Затоа ниту во програмата ниту во сегашните коалициски преговори за него нема место, тој би бил задача за новата влада, но не е предмет на разговори во овој момент меѓу идните владини коалициски партнери, изјави вчера за „Дневник“ портпаролот на партијата и пратеник, Петре Шилегов.
Во програмата на идната влада, која е објавена од партискиот лидер Зоран Заев, инаку, постојат цела серија ветувања – од тоа за употребата на јазикот на етничките заедници, па до тие од економската и социјалната сфера – за кои, исто така, ќе бидат потребни законски решенија.
Предолгиот вакуум на намерно одложување на пописот, кој последен пат е спроведен во 2002 година, им остава простор на албанските лобисти да си прават калкулации заради свои и нечии други интереси, односно да лажат и манипулираат. Последна ваква лага во низата е таа од пред два дена, на претседателот на Албанско-американската граѓанска лига и поранешен конгресмен Џозеф Џ. Диогарди, кој за време на отчетот пред Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Kонгресот изјави:
– Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени, нагласи тој.
Пред два месеца албанскиот премиер Еди Рама во интервјуата за странски медиуми, манипулираше со процент од 35 отсто на албанско население во Македонија, без да постои доказ за тоа, односно спроведен попис. Во интервјуто за „Франс 24“ тој рече дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку ентитет.
-Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјави Рама.
Истиот процент го користеше и косовскиот претседател Хашим Тачи. Потенцирањето дека има 35 отсто Албанци во земјава почна во 2014 година, кога тогашниот министер за образование Абдулаќим Адеми, на почетокот на тогашната учебна година, изјави дека „меѓу 30 и 35 отсто од запишаните првачиња се етнички Албанци“. Во тогашната изјава, која во истиот ден ја дал за медиумите на албански јазик, Адеми рече дека „од 280.000 ученици во основните и средните училишта во земјава, дури 35 проценти се етнички Албанци“.
По ова, поранешниот директор на државниот Завод за статистика, Дончо Герасимовски, за „Дневник“ објасни дека пребројувањето само врз основа на националноста на учениците никаде не служи како основа за тврдењата кое население колку го има во некоја земја.
Единствено решение за да завршат ваквите злоупотреби, лаги и манипулации е спроведување на пописот. Но иако бомбастично најавуван од мандаторот Заев, засега не се става на маса.
Ветувања, па молк
СДСМ со години гласно ветуваше попис. Хронолошки за последните три години, како што повеќепати пишуваше „Дневник“, најавите за попис изгледаа вака:
– Потребно е спроведување попис, со што партнерите Груевски и Ахмети свесно калкулираат веќе подолг период – изјави Зоран Заев во јуни 2014 година
– СДСМ кога ќе дојде на власт, ќе спроведе попис на населението според меѓународни критериуми и стандарди – изјави Зоран Заев во декември 2015 година
– Ќе спроведеме попис на населението според меѓународни критериуми и стандарди – ветување во партиската изборна програма за декемвриските избори во 2016 година.Откако изборите на 11 декември завршија и откако се видоа резултатите, од страна на оваа партија престана и да се зборува за пописот – ветува