За сервилноста на Македонијa – западот ги награди Албанците!

Македонија дури сега ги живее своите „деведсети“, кои за сите останати членки на бившата СФРЈ се далечно минато. Во исто време, се поставува и прашањето – дали е ова „награда“ на Западот за своевремената сервилност која Македонија ја поажа, или одмазда за сегашната непослушност?Политичката криза во Македонија се наоѓа во третата година, а решение нема на видик. Оваа бивша југословенска република, единствена во 1991. година преку референдум на мирен пат истапи од тогашната СФРЈ. Во воениот виор кој беснееше на просторите на СФРЈ, тоа мирно разидување, за Западот беше кој ја растураше Титова Југославија – пример со кој мафтаа по светот.
Одлуката на властите во Македонија, без никаков отпор, дека сака да пристапи кон евроатлантските интеграции, за Западот беше поздравена со аплауз, а веќе во 1999. година Скопје стана кандидат за прием во полноправно членство на НАТО.
Вооружената побуна на Албанците, која во Македонија изби во 2001.година, резултираше со потпишување на Охридскиот договор, кој на албанското малцинство во државата им овозможи права кои се пове од правата вообичаени за малцинските заедници. Иако Македонците не баш радо ставија параф на овој договор, кој е инаку вграден во Уставот на Македонија, под благ притисок на Западот сепак прифатија. Офанзивата на Албанците беше запрена, а тогашната македонска власт беше наградена од Западот со кандидатура за Европската Унија.
Мирната Македонија, во меѓувреме, се китеше со западните ловорики, чекајќи и надевајќи се дека ЕУ ќе најде начин да го реши грчкото вето за прием на Скопје во ЕУ и НАТО поради името „Македонија. Грција, имено, смета дека „Македонија“ е нето врзано за Грчката историја и култура, додека Македонија не сака да се одрече од ова име кое историски и припаѓа.
Меѓутоа, се случи нешто сосема спротивно. Непопустливоста на Македонија околу името не само што не е добро примено во ЕУ и пошироко, туку и самата меѓународна заедница се сврти против властите во Скопје со кои со години се фалеа.
Вооружените судири помеѓу Албанците и македонската полиција во 2015. во Куманово нагло ги разбудија Македонците од сонот, и одеднаш сфатија дека власта која со години ги води веќе не е миленик на Западот. Во игра се вметна нов играч на западните структури, Зоран Заев, но и албанскиот фактор поучен од успехот во 2001.година, овој пат бараат повеќе од Македонија. Безмалку конфедерација помеѓу Македонците и Албанците. Со други зборови, промена на државниот систем. – пишува Бранкица Ристиќ за Спутник.
Приликите дополнително се влошија откако Скопје одби да воведе санкции кон Москва, а може слободно да се каже дека кризата ескалираше дека по вонредните парламентарни избори, на кои Македонците повторно го прифатија притисокот на Западот, влада нема да прави победничката ВМРО, туку опозициската СДСМ, и тоа со помош на албанските партии кои во игра ја вклучија и т.н. „тиранска платформа“, која на Албанците фактички би им овозможила иста мож во државата како и на мнозинскиот народ, Македонскиот.
Претседателот на Македонија, сеуште одбива на Заев да му го даде мандатот на Заев за формирање на влада се додека тој не ја отфрли „тиранската платформа“, а Груевски бара нови избори. Во меѓувреме, Албанија се придружи на Грција во ветото во НАТО додека не ги исполни условите на албанската заедница во државата.
Во некоја рака, Скопје дури сега ги „живее“ своите деведесети, кои за сите останати членки на бившата СФРЈ се далечно минато. Во исто време, се поставува прашањето: дали е ова „награда“ на Западот за своевремената сервилност која Македонија ја покажа, или одмазда за сегашната непослушност?
Д.р Александар Гајиќ, виш научен соработник за европски студии во Белград, вели дека од оваа перспектива гледано, реално би било да се каже дека Македонија таква каква што е – унитарна, самостојна и суверена држава под назив „Република Македонија“ – всушност купуваше време, а Западот не гледа толку да ја казни Македонија поради непослушност, колку што сака да ги награди оние на кои им се најверни сојузници на Балканот, а тоа е албанскиот етнички фактор.
Албанците, додава соговорникот за Спутник, очигледо сакаат во целиот регион да ги рекомпонираат границите, почнувајќи од одземањето на Косово од составот на Република Србија, преку формирање на „Илирида“ на просторот на Македонија, „Чемерија“ во Грција и дл од Црна Гора каде Албанците исто така претендираат на етничка територијалност.
„Во таа смисла, Македонија е плен кој се жртвува поради некои пошироки стратешки интереси и задоволување на оној етнички фактор кој во перспектива на нив им е најзначаен. Македонија падна во немилост во оној момент кога се обиде да го заштити својот територијален интегритет и досегашниот уставен поредок со отстапките кои ги направи со Охридскиот рамковен договор, но и поради нејзините обиди да гравитира кон други геополитички значајни играчи за да оствари економска и политичка врска, како и секоја друга сериозна држава. Македонскиот обид пред се е врзан за можноста за градење на енергетски коридор низ просторот на Македонија врзан за Турскиот тек помеѓу Русија и Турција и приближување на економската и политичка соработка со другите словенски народи на просторот на Балканот“ вели др. Гајиќ за Спутник.
И ЕУ и Америка, додава соговорникот за Спутник, всушност се надополнуваат, што директно, што индиректно и ги поддржуваат претензиите на Албанците за рекомпонирање на Македонија и претварање во двонационална држава која во еден момент би била поделена и каде би било наметнато ново име за да продолжи кон засега неуспешните европски интеграции со цел она што останало од државата да влезе во тој геополитички корпус.
„Но тоа веќе нема да бде држава на Македонците, туку ентитет каде всушност во еден дел потполна контрола би имале Албанците, а во друг дел оние кои се послушни на штета на Македонскиот народ“, заклучува Гајиќ за Спутник.
Дека Западот фактички ја манипулира Македонија скоро две децении, се согласува и директорот на Центарот за истражување и Анализа од Скопје Александар Митовски.
Тој потсетува дека од 1992. година Западот вети привремена референца за името на државата БЈРМ (Бивша Југословенска Република Македонија) која требаше да трае само неколку месеци, а трае веќе 25 години. Другата отстапка на Скопје датира од 2001.година, кога Америка вети, додуша и го исполни ветувањето, дека Македонија ќе ја признае под уставното име Македонија – Република Македонија, но ако го потпише Охридскиот договор.Политичката криза во Македонија се наоѓа во третата година, а решение нема на видик. Оваа бивша југословенска република, единствена во 1991. година

Пронајдете не на следниве мрежи: