Во Македонија влегуваат 5 нови инвестиции, кои ќе отворат околу 950 директни и околу 1000 индиректни вработувања.Ни требаат уште нови работни места, ни требаат и повисоки плати и стандард, ни требаат нов напредок и ново намалување на невработеноста. Економскиот тим на владата работи силно на ова, рече вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот говор на 25-от годишен Конгрес на Унијата на млади сили.
-Пред некој ден Христијан Делев, заменик министерот за економија, ме информираше дека меѓународниот конзорциум Евромакс ресурс која ја има концесијата за рудникот Иловица, која во минатиот период вршеше испитувања на теренот не само што донесе конечна одлука туку обезбеди и финансирање и ги завршува подготвитетелните работи за огромна инвестиција за самиот рудник од некаде половина милијарда евра во повеќе години, објасни Груевски.
За таа цел тие добија известување, односно потврда, гаранција за кредитирање од германската Влада во вкупна вредност од 240 милиони долари за започнување на инвестицијата и работа на рудникот Иловица, Општина Босилово.
-Со градба ќе се почне во периодот септември-октомври оваа година, а градбата ќе трае година и половина, по што ќе почне експлатација на рудата, злато и бакар. Нивниот план е при градежните работи да бидат ангажирани околу 1000 градежни работници, а во фаза на експлатација над 600 рудари, и други вработени. Ова ќе биде значителна инекција особено за југоисточниот дел на Македонија и значително ќе придонесе за зајакнување на извозот, но и развој на рударската дејност. Овој огромен рудник за злато и бакар ќе биде нов мотор не само на економијата во струмичкиот и регионот на југоисточна Макеоднија, туку и нов мотор на македонската економија, рече Груевски.
На компанијата сопственик, потврди Груевски. Владата повеќе години и помага максимално, со сите сили и можности за да успее, и тие се многу задоволни од тоа. Затоа меѓудругото и се решија на една ваква крупна инвестиција.
-Бил Павлески, министерот за инвестиции кој од Хјулит Пакард од Бостон дојде во Македонија на моја покана, ме информираше дека една западно европска компанија чиј што сопственик е со потекло од Македонија донесе одлука да инвестира во современ производствен погон што би ја обслужувал металуршката индустрија. Инвестицијата би била во Охридско, за што инвеститорот ќе инвестира над 2 милиони евра и ќе креира најмалку 100 нови работни места во првиот период, што ќе значи решение за 100 семејства од Охрид кои сега имаат егзистенционални проблеми. Доколку тече според планираното, почетокот на инвестицијата би бил во текот на есента а до крајот на оваа година би финиширал по што ќе се стартува со производство. Ќе се занимава со преработка на руда, објави Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека директорот на ТИРЗ Виктор Мизо,неодамна го информирал дека во текот на јули, следниот месец, италијанската компанија Технокозе ќе отпочне со градба на својот трет погон, односно трета фаза, трета фабрика, на нови 5 илјади м2 во зоната Бунарџик при што ќе отвори нови работни места.
-Инвестирање на трета фабрика од страна на уште една компанија е уште една потврда за добрата бизнис клима, и одличната соработка на бизнис тимот на владата со странските инвеститори. Инаку, да потсетам, претходно во месец февруари годинава, почна со работа нивната втората фабрика. Новоизградениот објект е со површина од 12.000 м2 и овозможи компанијата за три пати да го зголеми капацитетот на своето производство, односно од сегашните 5 милиони евра да произведува и извезува производи во вредност од 15 милиони евра годишно, рече Груевски.
И германски Кеслер кој е меѓу првите странски инвеститори од електромашинската индустрија во Македонија ќе отворат производствен погон во ТИРЗ Скопје 1.
-Советникот за инвестиции Алек Никовски ме информираше дека Германската компанија Кеслер како што најавив минатата година, веќе отвори технолошко развоен и истражувачки центар во Македонија, и веќе првите машински и електро инженери од Македонија ги испрати на обука во Германија,од чии квалитет, мотивираност и посветеност се многу задоволни, и сега побрзо од планираното, не известија дека планираат со почеток на втората фаза на проектот, а тоа е отворање на производствен погон, фабрика за производство на технолошки производи од електромашинската индустрија. Ќе започнат со работа во веќе постоечки погон, а од септември ќе започнат градба на свој објект во ТИРЗ Скопје 1, а производството би стартувало кон крајот на првата половина од наредната година. Ќе започнат со 50 тина вработувања, а потоа сигурно ќе расте овој број, рече Груевски.
Кеслер има 90 годишна традиција во производство на опрема и алати за машинско моделирање, брусење, електромотори, ЦНЦ машини, сензори и слично.
-Ивана Николич, заменик директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции, деновиве ме информираше дека германска компанија од областа на информатичката технологија донесе интерна одлука да инвестира во Скопје, во капацитет за развој на софтвер при што планираат тоа да прерасне во нивен регионален центар. Инвестицијата ќе донесе 100 нови вработувања за што ќе вложат 2.6 милиони евра за три години. Потоа, бројот на вработувања ќе расте. До крајот на летото се планира официјализирање на оваа инвестиција и почеток на нејзина реализација. Компанијата веќе изнајми деловен простор во Центарот на Скопје и почнаа со првичните регрутации на кадри, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека вакви инвестиции и новости продолжуваат и ќе продолжат, и покрај сите опструкции и креирања на кризи, продолжувања на кризи, од страна на СДСМ.
-И покрај сите нивни напори да ја оцрнат државата и нас насекаде низ Европа и светот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не е во власта за да и помине времето, туку работи за народот и за државата, работи на решавањето на најгорливите проблеми на граѓаните, а прв меѓу сите е невработеноста, која најмногу ги засега токму младите, рече Груевски.
Инаку од почетокот на годината почнаа, односно објавија инвестиција 18 компании, меѓу кои Симфони Солушнс – холандска инвестиција во ИТ секторот, со нови 200 вработувања. Инвестицијата на Џонсон контролс во Струмица ќе овозможи најмалку 2.500 директи и индиректни вработувања. Во Кочани наскоро ќе се реализира кинеска инвестиција за производство на опрема за оризопроизводството со системот капка по капка преку потенцијалниот инвеститор Ванг Донг.Ни требаат уште нови работни места, ни требаат и повисоки плати и стандард, ни требаат нов напредок и ново намалување на невработеноста. Економскио