За сите кои обожаваат чоколадо!

Loading...

Многу ретко слушаме за некој кој не сака чоколадо…Колку е вкусно… Зарем е возможно кога низ умот ќе ви прошетаат сликите од милка, нестле, кранч, тоблероне….некој да остане рамнодушен и да не посака да претрча до најблиското маркетче да си го купи замисленото чоколадо! Добро навистина е штетно, доколку го внесувате во прекумерени количини, на пример ве фаќа криза за благо и цело 300 грамско го „таманите“ во секунда. Пробајте да се исконтролирате и да изедете онолку колку ви е потребно за нормално да функционирате и да бидете добро расположени, бидејќи еден од позитивните ефекти е токму позитивното расположение! Не се разочарувајте, сега следат другите благотворни својства на чоколадото но ако ги следите следниве совети!
1. За да ги искористите сите бенефиции од чоколадото, најпрво треба да знаете какво внесувате. Најдобро е да изберете темно/црно чоколадо кое содржи повеќе од 70% какао-колку е поголем процент на какао толку се поголеми здравствените придобивки!
2. Бидете внимателни како што споменав во горенаведениот текст, пробајте да изедете само неколку коцкици или два реда максимум,  потенцирам МАКСИМУМ! Истражувањата покажале дека еден ред дневно чоколадо го намалува крвниот притисок и ја зголемува концентрацијата значително.
3.Простете си ако претерате!  Повторно ќе се навратам на горенаведениот текст, ама навистина е тешко да се одолее на цела бомбоњера бајадери ….Видете, тоа и не е толку страшно, според Американската диетска асоцијација, 500те калории кои ги внесовте се еднакви на 60 грама покачена телесна тежина. Нив многу лесно ќе ги симнете со еден тренинг во теретана. Ама за да не правете симни, крени  не претерувајте , јадете умерено и тренирајте!
4. Чоколадо за здраво срце! Високото ниво на холестерол може да биде причинител на многу срцеви болести. Иако на листата на диета за снижување на холестеролот се забранети вкусните нешта како јајцата, сирењето, месото и сл, сепак чоколадото останува на овој список на храна која треба да се јаде. Антиоксидантите кои ги содржи какаото го намалуваат лошиот (LDL) холестерол, а го поттикнуваат создавањето на т.н добар (HDL) холестерол. 
5. Правете пилинг со чоколадо. Антиоксидантите кои се наоѓаат во путерот од какао ја враќаат природната влажност на кожата и го поттикнуваат создавањето на нови клетки, со што таа изгледа мека, мазна и сјајна. Повремено дозволете си чоколадна масажа , не само да внесувате чоколадо искористете го надворешно, сторете го тоа и самите со рендано црно чоколадо помешано со топло маслиново масло.
6. Откако прочитавте се! одете и купете си едно чоколадо, уживајте во вкусот и доброто расположение, но само до второто ретче после се вклучува црвеното слијаличе за доста!
 
 Многу ретко слушаме за некој кој не сака чоколадо…Колку е вкусно… Зарем е возможно кога низ умот ќе ви прошетаат с

loading...