За сите обожаватели на текилата!

Дали знаете да си ја почастите душава со по една текила?Познавачите на овој пијалок тврдат дека погрешно луѓето го консумираат, тој не треба да се пие на екс, туку спротивно треба да се ужива во пиењето. Солта и лимонот само го уништуваат посебниот вкус на текилата, па затоа е правилно да се пие чист. Текилата се добива од кактусот „сина агава“, кој се одгледува во близина на градот Текила во Мексико. Текилата е срцето и душата на Мексико. Таа е национален пијалок на Мексико, а во минатото  воопшто не ни била произведувана на овој начин се додека конквистадорите не ги запознале со процесот на дестилација во 1530 година. Сигурно не го знаевте ова, како што не ги знаете ни следниве работи за текилата.
Исто како и за шампањот, текилата има „Деноминација на потеклото“, што значи дека пијалокот може да биде произведен само во Мексико и најчесто тоа се прави во регионот „Jalisco“. Ако мислите дека правењето на текилата е само малку поразлично од варењето на ракија, тогаш треба да знаете дека производството на текилата е еден од највнимателно надгледуваните и најрегилиран во светот. Текилата може да се расипе:
Како што спомнавме погоре, стареењето на текилата во буриња повеќе од четири години ќе го влоши квалитетот на текилата. Текилата ќе изгуби некои од своите квалитети од агавата и ќе превземе квалитети на бурбон од бурето во кое што се чувала. Всушност, текилата нема да се расипе но на крај ќе добиете пијалок кој е поблиску до виски отколку до текила. Штом еднаш ќе го отворите шишето со текила подобро е да бидете расположени да го испиете цело. Генерално имате еден до два месеци пред текилата да оксидира и преку испарување да се намали квалитетот на текилата и да се уништи аромата од агавата. За текилата порано биле потребни човечки жртви и крв
Иако археолозите изјавуваат дека агавата се одгледува веќе 9000 години, сепак ацтеките ја откриле пулката (модерен претходник на текилата) пред околу 1000 години. Легендата вели дека ацтеките ја откирле пулката откако гром удрил во едно растение на агава и од него почнал да тече сок. Благ и малку алкохолен, ацтеките верувале дека пијалокот е подарок од боговите и на овој начин се отворила комуникација помеѓу смртниците и бесмртните. Вообичаено резервирана за свештениците, благородниците и болните, пулката често била користена во религиозни ритуали кои често барале човечка жртва за да се обезбедат обилни залихи на пулка, со цел ацтеките да продолжат да зборуваат со боговите. Подоцна во мексиканската историја, за време на мексиканската војна на независност, друг предо на текилата бил внесен во војната и бил користен аза да се наздрави за револуцијата. Да уште повеќе крв е пролеана, а да не ги спомнуваме и сите барски тепачки поради тоа што некој запиен решил да пие текила од телото на девојката на некој друг запиен. Текилата е технички мезкал:Многумина ги збунува што е текила, а што е мезкал. Исто така голем број на луѓе кои што мислат дека знаат нешто, ќе кажат дека текилата не е мезкал. Тие грешат. Сепак, мезкалот не може никогаш да биде текила. Се збунивте? Најважната разлика помеѓу текилата и мезкалот е растението. Секоја текила мора да биде направена од растението плава агава, додека пак мезкалот може да биде направен од различни видови на агава растенија. Исто така, мезкалот може да се произведува и во другите мексикански региони.Познавачите на овој пијалок тврдат дека погрешно луѓето го консумираат, тој не треба да се пие на екс, туку спротивно треба да се ужива во пиењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: