Стејт департментот го објави почетокот на кампањата за поднесување на документи за иселенички визи – „зелена карта“ за 2018 година.Официјално лотаријата за 2017 е затворена.
Електронските формулари за регистрација се поднесуваат од 12 часот напладне источно стандардно време, на 4 октомври 2016 година до 12 часот напладне источно стандардно време на 7 ноември 2016 година.
Кандидатите можат да го пополнат електронскиот формулар E-DV за учество во лотаријата. Адресата за пријавување е https://www.dvlottery.state.gov.
„Барања по пошта не се прифаќаат. Нема такса за пополнување на електронскиот формулар за регистрација за учество“ – додаваат уште од амбасадата.
Учесниците добиваат официјален број за потврда на регистрацијата. Важно е барателите да го задржат бројот до 30 септември 2018 година бидејќи единствено преку него тие ќе можат да проверат дали се извлечени во лотаријата DV-2017.
Избраните кои продолжуваат со учество во програмата се објавуваат на адреса: http: //www.dvlottery.state.gov по 2 мај 2018 година.
Соопштенија или пораки до извлечените учесници нема да бидат испратени по електронска или обична пошта. Секој примател на писмо или email, во кој се споменува виза од лотарија или „зелена карта“, може да се увери дека пораката е лажна.
Освен тоа, не се врши исплата на трета страна во процесот на аплицирање за виза од лотаријата за „зелена карта“. Единственото плаќање е самата такса за виза, која се плаќа во Амбасадата на САД.Официјално лотаријата за 2017 е затворена.
Електронските формулари за регистрација се поднесуваат од 12 часот напладне источно стандардно в