За смртта и за гробницата на Персеј

Кралот Персеј е роден во 215, а на престолот на Македонија доаѓа во 179 г.п.н.е., по смртта на неговиот татко Филип Петти Македонски. Целиот период на неговото владеење е драматичен, а завршува со објавувањето на војната од страна на Римјаните, под водството на Луциус Емилиус Паулус, во 168 г.п.н.е.По поразот кај Пидна во 168 г.п.н.е., започнала потрагата по Персеј за која бил задолжен преторот Октавио. По кусо засолнување во некои храмови, Персеј решил да ја напушти Самотракија и да бара посигурно место во Тракија кај неговиот сојузник, кралот Коти. Но, еден критски трговец којшто требало да му го олесни бегството и да го превезе со брод во Тракија, откако ги зел парите, побегнал и ги оставил Персеј и син му Филип. Во истите денови, извесен Чоне од Солун му ги предал на Октавио другите две деца на Персеј. Губејќи ја надежта за спас на своите деца, Персеј решил да му се предаде на конзулот Луциус Емилиус Паулус.
По предавањето Персеј бил одведен во Рим и бил присилен да учествува на парадата која Римјаните ја организирале во чест на победникот Луциус Емилиус Паулус, чиишто претци биле од родот на Питагора. На оваа парада, покрај другите заточеници, биле одведени и децата на Персеј – две машки и едно девојче – придружувани од нивните педагози. Зад своите деца, заедно со кралицата, одел Персеј, облечен во црно.
По кусото задржување во римскиот затвор Мамертино, Персеј бил одведен во римската воена тврдина Алба Фученс, заедно со децата Филип, Лариса и Александар.
Заточеништвото на Персеј во Алба Фученс не траело многу долго. Тој таму престојувал кратко време и починал. Но, за годината на неговата смрт не постојат едногласни тврдења. Според Диодоро (XXXI 9, 5), Персеј починал во 165 гпне, според Велејо во 163, а според Порфирио Ди Тиро во 162 година.
За година на смртта, и за причините за смртта, исто така, постои разногласие. Според Диодоро (Eclog. II, книга XXI), Персеј умрел две години откако бил префрлен во Алба од малтретирањето на војниците коишто биле задолжени да го чуваат (не му дозволувале воопшто да се одмори, да спие). Ова го раскажува и Плутарх во книгата ,,Паралелни животи” (глава XXXVII), посветена на Луциус Емилиус Паулус. Но, истиот Плутарх пишува дека според други автори, Персеј умрел поради целосна разочараност од пропаста на кралството, престанувајќи да јаде. Значи, смртта настапила како последица од изгладнетоста.
Погребот на Персеј бил извршен на сметка на римскиот Сенат што се толкува како потврда дека на македонскиот суверен му бил подигнат значаен посмртен споменик.
Кратко време по смртта на Персеј, умира и неговиот првороден син Филип, па ќерката Лариса. Подолго поживеал неговиот син Александар кој го изучил латинскиот јазик и се вклучил во римската администрација.
Според достапните податоци, во истата гробница биле погребани и посмртните останки на трите деца на Персеј: Филип, Лариса и Александар. Тоа го прави уште поголем предизвикот за утврдување на местото на гробницата, односно, на споменикот на Персеј.
За местото на гробницата на македоскиот крал Персеј постојат повеќе претпоставки. На, пример, во табличката 2 на листот број 145 од Военииот географски институт, во близината на селцето Капеле е означено местото со зборовите “Споменик на Персеј” (Монументо а Персео).
Според повеќето извори, гробницата на Персеј се наоѓа надвор од границите на тогашната воена римска тврдина Алба Фученс, покрај тогашната значајна сообраќајница Валерија.
Според Промис, посмртните останки биле положени во близината на Порта Максима на Алба Фученс. Според многу други истражувачи, гробницата се наоѓа на четиристраната раскрсница на патот Маљано – Капеле и на трасата Скуркола Алба Фученс. Токму таму и е означена на топографската карта.
Од приложените наводи може да се заклучи дека местото на гробницата на кралот Персеј не е точно одредено. Забуна внесува Роберта Каироли која напоменува дека цементната структура била карактеристична за првата империјална епоха, а Персеј умрел во Републиканската епоха.
Напоменувам дека на топографската карта гробницата на Персеј е обележена. Меѓутоа, ако се има предвид дека од неговата смрт имаат поминато околу 2170 години, не е чудно што постојат непрецизности. Точното утврдување на гробницата на кралот Персеј и не е така тешко зашто од италијанска страна постои согласност за заеднички истражувања на овој значаен историски споменик. На местото кое, засега се смета дека е гробница на кралот Персеј, веќе се наоѓа надгробна плоча на која на македонски, италијански и англиски јазик пишува: ПЕРСЕЈ, КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА, Од македонскиот народ
 
Кирил ДобрушевскиПо поразот кај Пидна во 168 г.п.н.е., започнала потрагата по Персеј за која бил задолжен пр

Пронајдете не на следниве мрежи: