Бразилецот се здоби со потешка повреда Бразилскиот репрезентативец Нејмар, во синоќешниот дуел каде неговата селекција со победа од 2-1 над Колумбија успеа да се избори за пласман во полуфиналето на Мундијалот, се здоби со сериозна повреда по дуелот со колумбискиот репрезентативец Зунига.
„Нема потреба од операција, за среќа, меѓутоа несреќа е тоа што ќе нема да може да игра фудбал. Тој е премногу тажен, но ќе мора целосно да се рехабилитира, за потоа да се врати на фудбалските терени“ изјави докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.
Иако во прв момент се чинеше дека ударот во коленото не нанесе голема штета на бразилецот, сепак, ренгендските снимки покажале спротивно, со што Нејмар Мундијалот кој се одржува во неговата земја го заршува со четири погодоци, а воедно реализираше и една асистенција.
Повеќе на: Sport365.mk Бразилскиот репрезентативец Нејмар, во синоќешниот дуел каде неговата селекција со победа од 2-1 над Колумбија успеа да се избори за пласман