За што фантазираат асексуалните луѓе?

За асексуална особа се смета секој кој едноставно нема чувство за сексуална привлечност, но целата слика е многу покомплексна од оваа едноставна дефиниција.Неодамнешното истражување на асексуалците ги проучуваше навиките на мастурбирање и сексуалните фантазии на овие луѓе во споредба со остатокот и дојде до интересни заклучоци.
Имено, овие две групи имаат многу повеќе заедничко од очекуваното. Речиси половина од асексуалните жени и 75 отсто од асексуалните мажи признаваат дека мастурбирале и имале сексуални фантазии и покрај нивниот недостаток на сексуална привлечност кон другите луѓе.
Сепак, двете групи ги одвојува една важна работа.
„Во моите сексуални фантазии никогаш не се вклучувам себе“, објаснува една асексуална жена. „Тоа ми е ужасно непривлечно. Наместо тоа, во сексуални ситуации замислувам други луѓе и во потполност се фокусирам на нивните мисли и чувства во тој момент. Не сакам да правам ништо сексуално со други луѓе, па дури ни во моите мисли.“ Со други зборови, таа го замислува сексуалното возбудување, а не замислува како и самата би се возбудила.
Истражувачите потврдија дека фактот дека не сакаат да ја искусат сексуалната привлечност, асексуалните особи не ги спречува во тоа да замислуваат бројни сексуални ситуации. Ова докажува дека фантазиите во главите на многумина и не се по секоја цена нешто што сакаме да се оствари, што значи дека можат да здивнат сите оние кои понекогаш имале сексуални фантазии за поединци со кои не би сакале да ги искусат во реалниот живот.
Интересен е фактот дека самата содржина на фантазиите во некои делови била прилично слична на онаа на сексуалните луѓе. Иако не фантазирале за групен секс, секс во јавност или неверство, асексуалните луѓе, како и останатите, фантазирале за садомазохизам и други фетиши. Иако е потребно уште многу истражување за да се дознае што им се случува во главата на асексуалните луѓе, сепак драго ни е што научивме нешто ново.Неодамнешното истражување на асексуалците ги проучуваше навиките на мастурбирање и сексуалните фантазии на овие луѓе во споредба со остатокот и дој

Пронајдете не на следниве мрежи: