Изборите се ближат. Еуфоријата станува се поголема. Власта од една страна и опозицијата од друга, секојдневно преку прес конференции, митинзи, изјави и слично, се „борат“, да им докажат на граѓаните зошто се подобри едните од другите.
Но, вистинското прашање е за што ќе гласа народот на 24-ти март? Дали сака да се врати на почеток, на улиците, каде што ќе дава отпор на веќе направените и видени дела, или ќе продолжи да го поддржува она што е веќе исполнето и докажано.
Дали народот ќе гласа за некој, кој во 90-тите години, се потруди голем број луѓе да останат без работа, плашејќи се дека секојдневно го јадат и последното парче леб, а сега кога дојде време на избори, да говорат дека тие се иднината на македонскиот народ, дека тие ќе ја извлечат Македонија од оваа „криза“ и дека доколку народот ги изгласа нема да се покае.
Но, годините наназад говорат за се она што во моментов го слуша народот од политичарите, без разлика на која партија припаѓаат. Некои велат делата си го прават своето. Како во животот така и во политиката. Делата на политичарите и на политичките партии во текот на нивниот мандат говорат, дали тие го исполниле се она што ветиле на митинзите за време на изборите.
Оние постарите, знаат колку тешки беа 90-тите години, кога претходната власт преку свои мерки, се потруди да се зголеми процентот на невработеност во Македонија и многу семејства да се борат, во неприфатливи услови за опстанок.
Но, откако се смени власта, се сменија и многу работи во Македонија. Преку воведување на нови мерки и реформи, процентот на невработеноста во Македонија значително се намали. Преку донесување на голем број инвеститори, кои решија своите бизниси да ги развијат на територијата на Македонија, на граѓаните им се овозможи вработување, а со тоа и враќање на надежта, дека Македонија е сепак земја со просперитет и светла иднина.
Со воспоставување на пријателски меѓународни односи и голем број соработки со многу земји во светот, како и со Европската унија, Македонија може да се гордее што е препознатлива низ светот, по своето гостопримство, трудот кој го вложува за нејзините граѓани да имаат мирен и спокоен живот, без насилства и злодела.
Дали народот на 24-ти март ќе одлучи оваа слика за Македонија, да ја сруши и да дозволи оние кои ветуваат „подобра иднина“, да застанат на чело на Македонија и да го уништат угледот кој го градеше оваа власт преку реализацијата на ветеното од претходните избори, за денес Македонија да стигне до степен каде внатрешната и надворешната политика се најразвиени од нејзиното осамостојување.
Точно е дека понекогаш има падови, кои се присутни во секојдневниот живот. Но, со добра програма, организација и пред се реализација на истата, тие падови и тешки моменти, можат да се поминат и Македонија да успее да има развиена внатрешна политика, која ќе се грижи за развојот на индустријата, земјоделството, економијата, образованието, културата, како и развиена надворешна политика која ќе ги одржува добрососетските односи и ќе се избори за право на глас во Европската унија и НАТО.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Изборите се ближат. Еуфоријата станува се поголема. Власта од една страна и опозицијата од друга, секојдневно преку пр