Маршот на божемните колонијални тирани продолжува. Притоа, се разбира, мислам на амбасадорите на САД и на ЕУ кои работат прекувремено за да го „признаат“ т.н. „спикер“ на македонскиот парламент, Талат Џафери, нивниот вазал во Македонија. И повторно: ако мора постојано да повторувате дека тој бил „законски избран“ и дека е „спикер“, ако мора да испраќате различни претставници на владите од ЕУ да се среќаваат со него, тогаш поттикнувате сериозни сомнежи во неговиот легитимитет. Вака или онака, вистината е дека неговата позиција како „спикер“ ќе биде засекогаш извалкана со недоверба и сомнежи. Целата таа несреќна епизода од 27 април води до ненамерни последици: последици што ја поткопуваат неговата позиција, неговите изјави и с` што излегува од парламентот. Брзајќи да го издејствуваат ова, тие заборавија на законот на ненамерните последици.
Од друга страна, кога подобро ќе размислите, ова е многу интересна комбинација: СДСМ, која ветува влада на левицата што ќе ги изгази традиционалните, конзервативни, општествени вредности на сите македонски граѓани, и ветува високи даноци и прераспределба на богатството во комбинација со албанските партии, на кои на крај памет не им е создавањето работни места и единствено сакаат позиции во владата и повластици придружени со албанските симболи кои либерално ќе се спрострат низ државата… тое е рецепт за катастрофа и од економски, и од политички и од аспект на надворешната политика.
Ако навистина биде применет, тој ќе ги уништи сите придобивки што земјата ги стекна изминатата деценија и, без разлика што мислите за актуелната влада, Македонија економски драматично се подобро (тие што велат дека се уназадила одат повеќе пати на одмор надвор од државата и се секогаш поканети на настаните организирани од американската и од амбасадите од ЕУ). Општествено, политиките што ги спроведува актуелната влада имаат за цел да го зацврстат семејството зашто без развој на семејството, нема независна нација-држава. Но, повторно, токму тоа и го сакаат тираните претставени од американскиот и од амбасадорите од ЕУ- вазалска држава без етничко мнозинство, лојална и покорна на елитите во САД и во ЕУ.
Вака или онака, животот продолжува. Македонските патриоти продолжуваат да маршираат секоја вечер и мирно и јас имам најдлабока почит кон нив. Сепак, пораките од тие маршеви мора да бидат позитивни и да се фокусираат на зачувувањето на Македонија како суверена и независна држава, обединета како татковина на Македонците и на сите малцинства што ја прават Македонија голема. Тоа треба да бидат пораките од улиците до меѓународната заедница и до медиумите.
Во исто време, продолжува интересот за Македонија кај тие што веруваат во сувереноста на нацијата-држава. Неделава во „Американ спектејтор“ беше објавена статија, една од континуираната серија статии кои ги истражуваат континуираните „неуспешни политики на Сорос-Обама“ што с` уште се применуваат во регионот. Авторот истражува како амбасадорите на Обама во Македонија, Албанија, Kосово, Босна и Херцеговина и во Грција работат на поткопување на суверенитетот на овие држави и на нивните институции што, за возврат, предизвикува регионална нестабилност.
Од другите актуелности неделава, иако државата-нација доживеа уназадување на француските избори, основните причини за недоверба во елитите во САД и во ЕУ нема да ги снема во блиска иднина. Иако Ле Пен можеби не беше идеалниот гласник да ја пренесе таа порака, пораката останува истата: ЕУ е корумпирана и мора или драстично да се реформира или да биде уништена. Kако што водечкиот активист за брегзит, Најџел Фериџ, рече во своето неделно радио-обраќање во однос на ЕУ: „Мора да сфатите дека ние немаме работа со нормални, демократски избрани влади. Ние имаме работа со Европската Унија. Се справуваме со луѓе што имаат огромна моќ, големи буџети, кои не се избрани, кое не може да бидат отстранети и кои се сега преплашени за својата иднина. Тие се преплашени зашто евроскептицизмот постојано расте во сите земји во Европа. Искрено речено, ова се лоши луѓе. Тие се антидемократи. Тие се против постоењето нација-држава, тие се бандити, тие се силеџии.“
За крај, сеништето на „Голема Албанија“ повторно го крена својот грд сурат. Мрачен и сега поранешен висок американски дипломат, Вилијам Вокер се најде на насловните страници во локалните медиуми кога пред толпата свои обожаватели на Kосово изјави дека сега работи на „проект“ за обединување на Албанците. Вокер, кој своевремено беше шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ на Kосово во 1998 и 1999 година, која доведе до бомбардирањето на НАТО на тогашна Југославија, им рече на своите следбеници: „Целта на овој проект на кој работам е за сите Албанци во Kосово, во дијсапората, во Албанија, работам на заеднички проект за нивно обединување… По прогласувањето независност, сега е време за конечниот чекор – сите вие да се соберете заедно и да ги реализирате сите оние достигнувања.“
Повеќе од јасно е дека ова е неодговорна и опасна реторика и треба да биде жестоко осудена. Па сепак, еден од медиумите кој пишуваше на оваа тема, „Балкан инсајт“, кој е делумно финансиран од Џорџ Сорос, го објави најизмамничкиот наслов: „Српскиот премиер ја разгорува кавгата за голема Албанија“. Вчудовидувачки, со оглед на тоа дека Вокер е тој што отворено се залага за голема Албанија. Нашите грчки пријатели кои во изминатите речиси 11 години на секој чекор отворено се обидуваа да ~ стават сопки на македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сигурно не се среќни поради ова. Но, повторно, и тука е применлив законот на ненамерните последици.
Kолумнава ќе ја завршам со една мисла од поранешниот американски претседател Роналд Реган (добар конзервативен претседател) што често ја цитирам и ќе продолжам да ја употребувам: „Слободата никогаш не е подалеку од една генерација пред исчезнување. Ние не им ја предаваме на своите деца преку крвта. За неа мора да се бориме, да ја штитиме и да им ја предадеме за и тие да го сторат истото.“ Одете и правете го истото.
Џејсон МИКОАВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И повторно: ако мора постојано да повторувате дека тој бил „законски избран“ и дека е „спикер“, ако мора да испраќате