петок, 27 ноември 2026
Најново

За три дена дистрибуирани 5.500 пакети со храна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на изминатите три дена, тимовите на Црвениот крст на РМ дистрибуирале 5.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња, 210 килограми облека, соопштија од Црвениот крст.Информираат дека се укажани и 36 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст, а во целата операција вклучени се 80 лица, волонтери и стручна служба на Црвениот крст, седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
– Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ „Наум Наумовски Борче”, се истакнува во соопштението на Црвениот крст.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. На сметката до сега се собрани 5.151.486 денари, а од донирање по 100 денари со повик на 075/070/077 143 400  се собрани 7.910.000 денари со повик на телефоните.
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJEBANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIABANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11SWIFT CODE: KOBSMK2XIBAN CODE: MK07300701000001228
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа. Информираат дека се укажани и 36 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст, а во целата операција вклучени се 80 лиц

Поврзани вести