За три дена до поубаво тело

Морате да се храните секој ден во исто време, а по завршување на диетата да се храните нормално три до четири дена, па потоа пак да ја повторите диетата. Следбениците на тридневната диета ветуваат дека за само три дена, докслку сте дисциплинирани може да изгубите до четири килограми.
Тридневната диета има специфично мени до кое морате строго да се придржувате. Порциите мораат да бидат онакви какви што се пропишани и не смеете да се прејадете. Во спротивно резултатите ќе изостанат. Од друга страна, не смеете ни да пресккокнувате оброци. Дури и ако не сте гладни, морате да го изедете пропишаниот оброк.
Мени:
Прв ден:
Појадок: Црно кафе или чај со една до две лажички засладувач, природен сок од грејпфрут, 1 парче леб на тост со 1 лажичка путер од кикирики.
Ручек: ½ шолја за кафе туна, 1 парче леб на тост и црно кафе или чај со една до две лажички засладувач.
Вечера: 80 грама било какво немасно месо или пилешко, 1 шолја грашок, 1 шолја морков, 1 јаболко и 1 шолја сладолед од ванила.
Втор ден
Појадок: Црно кафе или чај со една до две лажички засладувач, 1 јајце, ½ банана и 1 парче леб на тост.
Ручек: 1 шолја свежо сирење или туна и 8 солени крекери.
Вечера: 2 говедски шницли, 1 шолја брокули или зелка, ½ шојла морков, ½ банана и 1 шолја сладолед од ванила.
Трет ден:
Појадок: Црно кафе или чај со една до две лажички засладувач, 5 солени крекери, 26 грама сирење, 1 јаболко.
Ручек: Црно кафе или чај со една до две лажички засладувач, 1 варено јајце, 1 парче леб на тост.
Вечера: 1 шолја туна, 1 шолја морков, 1 шолја карфиол, 1 шолја диња и ½ шолја сладолед од ванила.
Извор: lady.mkМорате да се храните секој ден во исто време, а по завршување на диетата да се храните нормално три до четири дена, па

Пронајдете не на следниве мрежи: