За три години отворени дваесет и три приватни градинки

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес присуствуваше на отворањето на приватната детска градинка „Вилсон“ во општина Брвеница, Тетово. Спасов изјави дека станува збор за значајна инвестиција во делот на преучилишно воспитување на децата од оваа Општина, чие отворање е во интерес и на родителите од околните општини. Градинката ќе нуди квалитетни, современи и модерни услови по сите европски и светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст со голем број на едукативни содржини за децата кои што ќе го поминуваат секојдневието во оваа приватна детска градинка.“Тоа е првата детска градинка во Општина Брвеница која што слободно може да кажам дека досега ова е најголемата и најубавата приватна детска градинка во Република Македонија. Се работи за значајна инвестиција од околу 600.000 евра, со капацитет за згрижување на 125 деца и ќе отвори до 60 нови работни места. Ова е 25та приватна градинка која што се отвора изминатиот период. Само изминатите 3 години до сега се отворија 23 приватни градинки. Како министерство и Влада и понатаму ќе продолжиме интензивна комуникација и соработка со приватните инвеститори и сите оние кои се заинтересирани да вложат во делот на капацитетите во зголемување на капацитетите и отворање на нови приватни детски градинки”рече Спасов
Овозможени се низа поволности изминатата година кој што влијаат на зголемување на интересот кај приватните инвеститори за отворање на нови приватни детски градинки. Општините кои што продаваат земјиште за изградба на приватна детска градинка го продаваат по почетна цена од 1 евро за метар квадратен, значително се намалени продажната цена за приватни детски градинки исто така намалени се и комуналните такси за изградба на објект кој што е со намена приватна детска градинка и приватен старски дом за дуди 95%.

“Сите инвеститори имаат можност и приоритет да учествуваат во активните мерки и политики за вработување кои што ги реализираме преку Агенцијата за вработување како и преку проектот „Македонија вработува“. Дополнително исто така размислуваме за воведување на нови механизми за поголема стимулација за сите оние кои што се заинтересирани да инвестираат односно за воведување на посебен специјален грант за отворање на приватни градинки кој што со почеток се надевам во 2016та дополнително би влијаел на зголемување на ваквите капацитети” изјави Спасов и дополни дека Владата ќе продолжи понатаму да инвестира во нови објекти кои што ќе бидат во рамки на општинските јавни установи детските градинки во сите општини во Република Македонија со особен фокус на руралните населени места меѓутоа и на градот Скопје каде што има и најголема потреба меѓутоа исто така и со стимулирање и поттикнување на приватниот сектор да инвестираат и отвораат приватни детски градинки.
Директорката на приватната градинка„Вилсон“,Елита Маша, изрази благодарност на Владата и министерството за труд и социјална политика за можностите кои ги нудат во отворањето на приватни детска градинка.“Тоа е првата детска градинка во Општина Брвеница која што слободно може да кажам дека досега ова е најголемата и најубавата приват

Пронајдете не на следниве мрежи: