За владината мерката „Обука со субвенционирано вработување“ е предвиден буџет од 44 милиони денари

Оваа година за владината мерката „Обука со субвенционирано вработување“ е предвиден буџет од 44 милиони денари со кој ќе се вработат 333 невработени лица. Огласот е во тек и сите заинтересирани компании и невработени лица веќе можат да аплицираат во центрите за вработување на АВРМ.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека оваа мерка се реализира од 2013 година и досега преку неа се вработени 660 лица.
-Предвидена е субвенција за обука од 6200 денари месечно во период од 3 месеци и потоа субвенција за плата за лицата кој што ќе бидат обучени во износ од 19 илјади денари месечно, во период од 6 месеци. Вкупниот износ на средства кој што може да го искористи една компанија за да вработи невработено лице преку оваа мерка „Обука со субвенционирано вработување“ е 132 илјади денари за секое вработено лице, информираше Спасов.
Мерката „Обука со субвенционирано вработување“ е насочена за поранливите категории на невработени лица, долгорочно невработените, оние кои што се повозрасни над 50 години, примателите на социјална парична помош и сите останати социјално ранливи категории на граѓани, како и младите до 29 години.
-За оваа мерка предвидуваме опфат на млади невработени лица до 29 години, околу 30 отсто планираме да бидат млади, односно околу 100 вработувања да се постигнат со оваа мерка за што се издвоени околу 13 милиони денари само за вработување на младите лица, образложи Спасов.
Заменик министерот ги повика сите компании да аплицираат и да ги искористат средствата за вработување на невработени лица.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски посочи дека оваа мерка е одлична можност за сите оние кои немаат квалификации и знаење во рок од 3 месеци да се стекнат со работно искуство и знаење, а потоа да добијат и субвенционирано вработување.
Компаниите кои што ќе вработуваат невработени лица со оваа мерка нема да можат да го користат проектот „Македонија вработува“. Тие ќе бидат должни откако ќе поминат тие 9 месеци на обука и субвенционирано вработување да го задржат работникот на работа уште 12 месец. Доколку се случи некоја компанија да не е задоволна од некој од вработените преку таа мерка, компанијата ќе може да го замени со друго лице.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека оваа мерка се реализира од 2013 година и досега преку неа се вработени 660

Пронајдете не на следниве мрежи: