Лаењето на кучето ја спасило Тодорка Китанчева од сигурна смрт.Соседите во буката на силната вода успеале до го слушнат кучето.
Знаеле дека 67-годишната жена е сама во својот дом во селото Црешево, нема кој да помогне, па тргнале да ја извлечат сосетката од поплавената куќа.
Домот на Тодорка се наполнил со вода за неколку минути, откако огромното количество надојдена вода го урнал потпорниот ѕид во дворот. Единствен начин за спас на 67 годишната жена било да ја извлечат преку прозорот.
И патот до куќата на Тодорка е целосно разурнат, покриен е со камења кои водата ги донела со себе.
Сите простории во домот на Тодорка се поплавени, нема струја, а целосно е разурнат и нејзиниот двор. Едвај се пристигнува до куќата.
Несреќната жена моментално е кај нејзината ќерка во Кучевиште, но како што вели таа, Тодорка сака да се врати во домот во Црешево, каде го поминала скоро целиот свој живот.
Нејзината ќерка Лиле апелираше до надлежните да помогнат во санирањето на штетите кои невремето ги предизвика во куќата на нејзината мајка. Кучето Миа остана да ја чува празната куќа.Соседите во буката на силната вода успеале до го слушнат кучето.
Знаеле дека 67-годишната жена е сама во својот дом во селото Црешево, нема