За влакно избегната трагедија во семејството Павловски: Баба си го спаси 2-годишниот внук од пожар!

Семејството Павловски од Нов Белград вчера имаше среќа да се спаси од огнената стихија која во еден момент ја проголта терасата и дневната соба од станот на седмиот кат на станбената зграда во улицата Агостин Нет број 24 во Блокот 70а.Во моментот на избувнувањето на пожарот во станот била Марионка Павловска (71) и нејзиниот двегодишен внук Андреј кои се наголтале чад.
Драмата почнала околу 16.30 часот, кога огнот од терасата го проголтал прозорското окно и почнал да се шири во дневната соба. Во тој момент Марионка била во кујната со двегодишниот син чекајќи ги синот и снаата од работа.
Го почувствувал чадот додека подготвував ручек, но не насетував дека е тоа на мојата тераса, низ солзи раскажува Марионка и додава: „Во тој момент влета соседката во станот. Од чадот ништо не се гледаше. Го гушнав внукот и ѝ го предадов на сосетката, која го изнесе од станот. Почнав со легени да го гаснам огнот. Но, за секунда пожарот се прошири и не можев да го изгаснам.“
Во Блокот 70а набрзо пристигнале 7 противпожарни возила и 20 пожарникари, кои за кратко време го изгаснале пожарот. Причината за пожарот сѐ уште е непозната. Дефинитивно, огнот избил на терасата од каде се проширил во станот. Сепак останува непознато што можело на терасата да го предизвика пожарот кога таму немало ниту електрична инсталација.

-Еве погледнете што остана, само црни ѕидови и делови од гардеробата на внукот кои се сушеа на терасата. Само господ знае што се случи, дали некој фрли пикавец или нешто слично. Имаше и две пластични столици, но се стопија од огнот. Сепак добро е што животот на мојот внук е спасен, се теши Павловска.
За среќа, Марионка Павловска и нејзиниот двегодишен внук поминале без повреди, а таа е благодарна и на соседите кои брзо ги згрижиле.
-Во моментот се сетив дека сосетката од осмиот кат е лекар, па детето го однесов кај неа. Таа му пружи прва помош, го смири и го изнесе на свеж воздух. Сѐ останато е небитно, важно е да сме живи и здрави, раскажува сосетка која и самата преживеала пожар кога пред неколку години целосно изгорел стан во Блокот 45.
Соседите од Блоот 70 на Нов Белград за семејството Павловски имаат само најдобри зборови. Велат дека се скромни, сложни и хумани луѓе и на сите им се нашле кога им требало.
-Тоа семејство е пример за целиот крај. Чекаа повеќе од десет години во брак на малечкиот Андреј и сега ова ги снајде, во еден момент да изгубат сѐ. Страшно и неправедно. Сите ќе им помогнеме колку можеме зошто тие тоа го заслужуваат. Само нека се живи и здрави, сѐ друго се надоместува, вели сосетка.Во моментот на избувнувањето на пожарот во станот била Марионка Павловска (71) и нејзиниот двегодишен внук Андреј кои се наголтале чад.
Дра

Пронајдете не на следниве мрежи: