Неделен хороскоп за 28.11.-04.12.2016Овен
Важно ви е да ги дефинирате заедничките професионални цели и интереси со соработниците кои имаат различно мислење. Јасно ви е дека претераното експонирање или дополнителниот ризик во службените средби претставува лош избор, подобро е да ги следите зацртаните правила и утврдените критериуми.
Бик
Потребно е да ги прилагодите своите критериуми во однос на интересирањата кои преовладуваат на работната сцена. Се наоѓате во добра форма и во позитiвно опкружување. Добрата работна проценка претставува услов за успешна соработка. Проширете ги своите интересирања во различни области, нема причина да се задржувате на моменталната позиција.
Близнаци
Внимателно ги пратите новите информации или важните случувања на работната сцена, со намера успешно да ги остварите своите долгорочни цели. Делувате снаодливо и умеете да придобиете нечија доверба. Тимската работа претставува сјајна шанса да ги проширите своите сознанија од одредени области и да напредувате на различни страни.
Рак
Внимателно проверувате различни информации кои влијаат на работната динамика или на остварувањето на вашите планови. Делувате активно и умеете да употребите успешна формула во работењето, без оглед на ситуацијата во која се наоѓате. Ако воспоставите правилна мерка на вредност помеѓу своите практични цели и емотивното задоволство, ве очекува добитна комбинација на успех, љубов и среќа.
Лав
Постојат различни гледишта помеѓу сорабониците во решавањето на некои работни интереси, нови недоразбирања создаваат напната атмосфера во вашето опкружување. Не дозволувајте некој да ве наведе на импулсивна реакција или на избрзани потези. Избегнувајте јавни расправи, работни надмудрувања или докажување на вистината пред соработниците кои располагаат со поголем авторитет.
Девица
Имате впечаток дека ситуациите на работната сцена се менуваат во позитивен правец и во согласнот со вашите основни интереси. Но, не сакате некој да ги користи вашето знаење или професионални способности наспроти заедничкиот договор. Поради судирот на различни интереси, често се наоѓате пред неочекувани проблеми со соработниците.
Вага
Потребно е попрецизно да ги разграничете своите работни обврски. Претераната ангажираност на различни страни може да причини низа на непријатни ситуации. Секој вид на неуспех се одразува на соработничкиот однос и на завршните резултати.
Скорпија
Успехот кој го имате остварено ви дава за право да применете нови критериуми или услови во службената-финансксика соработка. Делувате нескромно и умеете да претерате во своите барања, не може да се помирите со просечните резултати.
Стрелец
Во согласност со своите практични интереси избирате нови работни теми или цели. Сепак, работната нота која ја заговарате наидува на неодобрување кај некои соработници. Потребно е да остварите компромис и заеднички договор, како услов за долгорочен успех. Вештината на прилагодување на различните професионални стандарди донесува успешни резултати.
Јарец
Умеете да остварите реална проценка и да го наметнете своето мислење пред соработниците. На добар начин ги вреднувате новите работни ситуации, така што не се впуштајте во финансиски ризик. Може да се пофалите со успешно посредување или комуникација, која ви помага да ги остварите своите практични интереси на различни страни.
Водолија
Постојат соработници кои непрекинато внесуваат дополнителна тензија и на таков начин ја отежнуваат вашата работна или општествена позиција. Потребно е да се определите за нова работна визија или за сигурен партнер со слични идеи. Нови информации може да се толкуваат на различни начини, не дозволувајте да ве залажува првиот впечаток.
Риби
Важно ви е да остварите високи професионални стандарди, но вашите соработници имаат поинакви вредносни мерила и често ја менуваат својата стратегија на делување. Не дозволувајте различни недоразбирања важно да влијаат на квалитетот во заедничкото работење. Мора да имате доволно професионална мудрост да се дистанцирате, но и авторитет да се наметнете во најдобар момент. Овен
Важно ви е да ги дефинирате заедничките професионални цели и интереси со соработниците кои имаат различно мислење. Ја