Жените понекогаш премногу се трудат да остават впечаток на мажите со кои за прв пат имаат секс, додека мажите ги забележуваат само овие 5 работи.Маникир, педикир, депилација, солариум, лосион за тело, секси долна облека, фризура, шминка, се само некои од рутините со помош на кои жените сакаат да заблескаат во креветот и да го маѓепсаат новиот партнер. Сепак, мажите се многу едноставни суштества и некои од тие работи, за време на првиот секс, воопшто не ги забележуваат. Тоа што го забележуваат е следново:
1. Самодоверба
Нема ништо позаводливо од жената која се чувствува сигурно во своја кожа и не се срами да го покаже тоа. Ќе се зачудите, но кај голата жена мажите најпрво го забележуваат говорот на телото, па по неколку секунди бикини фризурата, кожата, маникирот…
2. Движење
Женственото движење, нишањето со колковите и сите останати сензуални движења се најјакиот машки афродизијак.
3. Изразот на лицето
Страста и желбата која може да се забележи на женското лице е уште една неодолива работа. Можеби нема да ја забележи новата сенка или совршените трепки, но дефинитивно ќе ја запамети секоја црта на вашето лице.
4. Облини
Голото женско тело во полутемна соба е погледот по кој секој маж копнее. Тој не ги гледа стриите и целулитот, важно му е вашето женствено стомаче, задникот, колковите и градите кои за секунда го освојуваат.
5 работи кои мажите НЕ ги забележуваат додека имате секс
5. Мирис
Секоја жена има сопствен, специфичен мирис, па не е чудно што мажите сакаат да го почувствуваат мирисот на вашата кожа, а не на вашиот скап парфем.Маникир, педикир, депилација, солариум, лосион за тело, секси долна облека, фризура, шминка, се само некои од рутините со помош на кои жените сакаа