Заговорниците на Тиранската платформа рекоа дека до 24 март ќе има влада која ќе функционира според овој срамен документ. Денес е 24 март и благодарение на над 200-те илјади граѓаните кои излгоа на улиците ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на повеќе од 40 локации, денес во Македонија нема да се формира Тиранска влада.Ова денеска го изјавија дел од организаторите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА кои воедно ги повикаа граѓаните масовно како и досега, така и вечерва да се приклучат на протестот.
Според Богдан Илиевски и Борис Дамовски, ова е нова значајна победа на иницијативата, односно на граѓаните кои излегоа да покажат дека се спремни и крајно одлучни да се борат за зачувување на земјата која што ја сакаат.
-Не смее да се избере пртеседател на Собранието кој нема да ја отфрли Тиранската платформа и да ја осуди нејзината содржина. Таа мора да биде осудена и отфрлена од сите политички чинители, а Македонија не смее да стане бинационална и двојазична држава, туку мора да биде заедничка држава на сите граѓани кои живеат во неа, истакна Илиевски.
-Упорноста, присуството, посветеноста и разбирањето што го имаме кај народот ни дава сила и право да ги повикаме во уште поголем број, да не се откажат и да продолжиме до остварување на целите. Сите сте добредојдени, без разлика на вера, нација или пак политичка определба, додаде Дамовски.
Тие најавија дека продолжуваат и понатаму- денес е 26 ден од протестите.Ова денеска го изјавија дел од организаторите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА кои воедно ги повикаа граѓаните масовно како и досега, така и вечерва да се п