Граѓаните на Република Македонија веќе 76 дена преку протести и разни други активности го искажуваат својот револт од обидот да се протурка платформа од туѓа држава, која директно удира по темелите на државноста и унитарноста на државата.Денешна активност на граѓанската иницијатива беше дискусија, на која се собраа поистакнатите членови на инцијативата, за да се продискутира за периодот кој е позади и периодот кој следи.
-Денеска на 76-от ден откако започнаа протестните маршеви на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, се собравме на една дискусија, ги собравме поистакнатите членови на нашата иницијатива, од Скопје и од другите градови низ Република Македонија. Да продискутираме за периодот кој е позади и периодот кој следи, које многу важен за оваа наша битка, во која се наоѓаме во моментов. Започнавме со барањето за отфрлање на Тиранската платформа, откако партиите не покажаа слух за нашите барања, побаравме избори. Имавме 60 дена мирни и достоинствени протести, со многу позитивна енергија, имавме еден многу бурен четврток, но за среќа и 15-те дена после тој четврток само потврдија и докажаа дека граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ е доследна на она што првиот ден го најави и го побара од сите поддржувачи во рамките на уставот и законите, да си го бараме нашето право преку мирни и демократски протести, изјави Богдан Илиевски еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Илиевски кажа дека се дискутира и за поднесувањето иницијатива пред Уставниот суд за изјаснување по однос на уставноста на нелегалниот избор за претседател на Собранието на Талат Џафери.
-Целта на овој денешен состанок е да се дискутираат сите можни форми на протест кој може да следат во наредниот период, дискутираме за правната битка која што е најважната битка која што ќе ја водиме во периодот кој што следи, дискутираме за поднесувањето иницијатива пред Уставниот суд за изјаснување по однос на уставноста на нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, како и за онаа тужба која што ја најавуваме една масивна голема тужба, која што ќе опфати многу многу субјекти и резултати за овие наши дискусии ќе продолжат во текот на утрешниот ден. Најверојатно ќе бидат соопштени во понеделник, порано во текот на денот на прес конференција и ќе ги кажеме нашите следни чекори, изјави Илиевски.
Илиевски потврди дека битката продолжува, тој вели дека отпорот е нивна должност во овој момент.
-Она што е сигурно е дека, како и што кажуваме во изминатиов период, битката продолжува, нашиот отпор, кој што е наша должност буквално во овој момент продолжува, нема запирање. Независно од формата, ќе го најдеме најдобриот начин како да се канализира добро и енергијата на нашите поддржувачи, која што е огромна во текот на овие 2 и пол месеци. Битката ќе е долга, нема да заврши за брзо, особено во светло на најавите за уште нелегални сценарија во Македонија, визави писмата кои се праќаат на релација Собрание-Вила Водно, најавата за избор на влада. Меѓутоа колку и тие да одат во нелегалност, нема да не обескуражат, нашата битка е битка за правдата, за вистината. Мора да оставиме траг дека некој во оваа земја се борел за почитување на Уставот и на законите и сум убеден дека ќе ја извојуваме победата, таа можеби нема да биде скоро, но ќе биде заедничка на сите граѓани во Република Македонија, изјави Илиевски.Денешна активност на граѓанската иницијатива беше дискусија, на која се собраа поистакнатите членови на инцијативата, за да се продискутира за пери