среда, 25 ноември 2026
Најново

„За заедничка Македонија“ до СДСМ: И ние имаме план, народот кој што ве ставил во Собрание, може и да ве извади од Собранието

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денеска одговори на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски дека СДСМ имале план како да изберат спикер и потоа да формираат влада.-Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен, народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието, и тоа не смеете да го заборавите, му порача Илиевски на Николовски.
Тој рече и дека никакви обиди за шверцање или подметнување на Тиранската платформа да не им падне на памет, бидејќи, како што вели, тогаш и нас може да ни падне на памет сенешто.
Илиевски денеска ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива
„За заедничка Македонија“.
– Повторуваме дека сите политички субјекти мора да се откажат и да ја осудат Тиранската платформа. Не може да се избере Претседател на Собрнието кој нема да ја отфрли и да ја осуди Тиранската платформа, истакна Илиевски.
Според него, досегашните протести на иницијативата довеле до неколку победи.
– И овдека, под Порта Македонија ќе повторам дека благодарение на нашата активност, секој ден на улица, немаме Тиранска влада. И денеска не беше избран Претседател на Собранието, качен на Тиранската платформа, посочи Илиевски.
Тој додаде и дека барањата на граѓаните ги слушнале сите амбасадори,некои, како што вели, со поотворени уши, а некои не.-Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен,

Поврзани вести