Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска одржа музички хепенинг во Градски парк. Пред присутните свој настап имаа Даниел Кајмаковски и групата „Паркети“.Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива вели дека овој хепенинг станува редовна викенд шема каде може да се внесе поинаква живост и љубов во движењето.
-Протестите продолжуваат, хепенингот е втора недела, редовна викенд релакс шема, во наводници релакс шема. Меѓутоа е една нова содржина која сакаме да ја понудиме, покрај оние од понеделник до петок маршеви од Влада до Собранието, за време на викендите еве се обидуваме да внесеме малку поинаква живост и љубов во целото наше движење и на големо не само мое лично туку наше задоволство, ги имавме тука денеска Паркети и Даниел Кајмакоски, рече Илиевски.
Илиевски вели дека се бара повлекување и отстапување од Платформата.
-Бараме повлекување на Тиранската платформа, без никакви изговори нити обиди таа на мала врата да се протне некако од позадина. Нејзината суштина е проблем не името како се вика, без разлика дали ќе ја крстите Тиранска платформа, Кичевска платформа, суштината нејзина е најспорна и најпроблематична, и бараме повлекување и отстапување од неа, а сите други финти да се манипулира народот нема да поминат, рече Илиевски.
Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива вели дека овој хепенинг станува редовна викенд шема каде може да се внесе поинаква живост и љубов во дви