На 78-миот ден од почетокот на нашите протестни активности најавуваме дека истите ќе започнат да ја добиват и правната поддршка,односно новата форма која ќе е нашето клучно оружје во периодот кој претстои. Јавноста е добро информирана за сите неуставни и незаконски дејства кои беа преземени од страна на тиранската коалиција при обидот за избор на претседател на Собрание, извршувајќи акт кој е во целост спротивен со Уставот и законските нормативи, истакна на денешната прес-конференција Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Да потсетиме, на 27ми април по прекинување со работа на седницата во 18 часот, без да се закаже нова, без да бидат поканети сите пратеници, без дневен ред, без стручни служби, без генерален секретар, без подготвена одлука, без да се утврди присуство на седницата, без да бидат поканети претставници од други органи и Владата на Република Македонија кои деловнички секогаш се покануваат, без да се образложи предлогот, без да се отвори расправа, без присуство на јавноста на седницата, без задолжителниот пренос на собранискиот канал, без записник и стенографски белешки, без заклетва на пропишан начин, кришум од јавноста, без да биде форирана комисијата која има право да предложи други кандидати, без да им се даде право на други пратеници да предложат сами кандидати и да дебатираат околу нив, тиранските коалициони партнери симулираа избор на нелегален претседател на Собрание. Односно, според Уставот и законите таков претседател нема. Затоа утре во Уставниот суд ќе поднесеме иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери. Веруваме дека Уставниот Суд чесно и професионално ќе ја заврши својата работа и нема да дозволи преку вакво насилничко и флагрантно не кршење туку дробење на Уставот на РМ да се спроведува тивка окупација врз нашата држава, рушејќи ги темелите на незавиноста на Република Македонија, вели Илиевски.
Тој додава дека свесни за должноста на Претседателот на Републиката се до судската потврда за нелегалниот избор на Џафери, во светло на најавените писмени гаранции кои ќе ги бара од мандатарот предложен од тиранската коалиција, да инсистира на најцврста формулација со која ќе се гарантира независноста и унитарноста на Република Македонија.
-Знаеме добро дека мандатарот на тиранската коалиција е човек кому не може да му се верува и воедно затоа е првиот во историјата од кој се бараат вакви пишани гаранции со чие прекршување ќе сноси директна кривична одговорност. Претседателот мора да бара гаранции, но граѓаните не може да си дозволат таков луксуз од искуството со споменатиот мандатар за тиранската коалиција. Затоа ќе продолжиме будно да го следиме развојот на ситуацијата и нема да се ослонуваме на зборот на човек кој стотици пати докажал дека за него дадениот збор не значи ништо. Разликата е што после ова, пишаниот збор ќе мора да значи нешто, односно секое отстапување од цврстите гаранции кои ги бара Претседателот ќе повлечe негова кривична одговорност, вели Илиевски.
Тој додава дека нивното движење ги менува и засилува формите на отпор не само преку протести, туку и преку други механизми кои ќе започнат да ги употребуваат.
-Денес ги соопштивме правните форми, а за сите останати ќе известуваме тековно. Битката продолжува, исто како и протестните маршеви во првиот момент во кој ќе оцениме дека е потребно да се случат, вели Илиевски.
Тој посочи дека можеби протестните маршеви ќе ги редуцираат, но затоа пак енергијата ќе ја канализираат во правната битка.-Да потсетиме, на 27ми април по прекинување со работа на седницата во 18 часот, без да се закаже нова, без да бидат поканети сите пратеници, без дн