Во Скопје вчера се одржа 33-тиот протестен марш што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“. Маршот почна од пред Владата, продолжи пред Народната канцеларијата на Претседателот на РМ се до Собранието на РМ каде повторно беше побарано целосно отфрлање на тиранската платформа со која, сметаат, се нарушува унитарноста на Македонија. Граѓаните ја повторија и поддршката за претседателот на РМ Ѓорге Иванов, но, рекоа, таа не е безусловна.
– Условот е да не престане да го прави тоа што го прави, да не потпаѓа под никакви притисоци и да ја брани оваа земја како што се заколна во неговата заклетва за да ни биде претседател на сите нас, рече Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Тој, обраќајќи им се на присутните граѓани пред Собранието, рече дека благодарение на секој од нив нема „влада качена на Тиранската платформа, ниту вчера бил избран претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа“.
– Благодарение на секој еден од нас Република Македонија нема да биде двонационални и двојазична држава. Нема да биде држава поставена на патот на федерализација, ќе биде заедничка држава за сите нас, како што сме живееле до сега така ќе биде и во иднина, под сонцето за сите, јазикот на кој сите се разбираме и химната која сите ја пееме, вели Илиевски.
Рече оти секој од 120 пратеници во Собранието треба да знаат кој ги поставил внатре и кој може да ги извади, да знаат дека не смеат да си играат со народот, дека народот е буден и нема страв ниту срам да се бори за она што го сака.
Македонскиот кајакар и олимпиец, Атанас Николовски истакна дека црвено-жолтата боја е бојата на спортистите.
– Ние спортистите најдобро знаеме кого сакаме и кого претставуваме, црвено-жолтата боја се вее за сите нас. Велат ние спортистите не сме знаеле да ја процениме ситуацијата, ние најдобро знаеме кого сакаме и кого претставуваме, ние ја сакаме Република Македонија за сите нас, за заедничка Република Македонија, црвено-жолтата боја се вее за сите нас, изјави Николовски.
На протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вчера се приклучија и македонските моторџии. Граѓаните ја повторија и поддршката за претседателот на РМ Ѓорге Иванов, но, рекоа, таа не е безусловна.
– Условот е да не прест