Граѓанската иницијатива има четири барања адресирани до политичките партии и до претседателот Ѓорге Иванов.Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска продолжува со секојдневните собири за зачувување на, како што велат, унитарноста на Македонија и за отфрлање на тиранската платформа. Оттаму се децидни дека нема да дозволат туѓа платформа да биде усвоена во македонското Собрание и дека народот мора да остане буден.
Граѓанската иницијатива има четири барања адресирани до политичките партии и до претседателот Ѓорге Иванов.
Се бара сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави.
Бараат политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Тие бараат од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.
Последното нивно барање е упатено до претседателот Иванов. Граѓаните бараат тој да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што, како што сметаат од иницијативата, давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска продолжува со секојдневните собири за зачувување на, како што велат, уни