„За заедничка Македонија“: Продолжуваме уште похрабри, посплотени, поенергични и поодлучни!

Горди сме на граѓаните кои во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните кои застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните кои нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа!Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им пројдат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, воља и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно.
Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконзки ќе избира Претседател на Собрание како да бира Претседател на Куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас.
Бараме од институциите да поведат постапка за сите кои се обидоа да извршат Државен удар и вон СИТЕ процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието. Не не’ интересира кој го поддржал незаконскиот Џафери, во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии кои си го гледаат својот, а не интересот на граѓаните на Република Македонија.
Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат Државен удар и на сила да ја преземат власта. Нема да им помине. Ниту овој, ниту било кој нареден обид да провоцираат толпа, да ги провоцираат граѓаните на Република Македонија, сакајќи во лице да им се смеат, додека го кршат Уставот.
Овде живее горд народ, достоинствен народ кој секогаш се борел и секогаш ќе се бори против предавничко-вазалскиот менталитет на слабаците кои во оваа држава секогаш ги имало и секогаш завршувале неславно.
Граѓани на Заедничка Македонија,
ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ. ПОСИЛНИ, ПОСПЛОТЕНИ, ПОМОТИВИРАНИ. ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА.
Вторник, 17:00 пред Влада на Република Македонија во Скопје и плус низ целата држава. Од оваа битка отстапување нема, бидејќи ако неа ја изгубиме, ја губиме Македонија. А тоа за граѓаните на Република Македонија – НЕ Е ОПЦИЈА. Кој мисли поинаку, нека се обиде да не’ спречи. Како и секогаш… ќе биде поразен. Бидејќи доброто секогаш победува.
Излезете на улица и покажете им на провокаторите, на насилниците кои сакаат со силување на Уставот и законите да дојдат на власт, на оние кои се закануваат со палење, убивање и судски прогон на граѓаните кои ја сакаат Македонија, на оние кои не’ нарекуваат ТЕРОРИСТИ затоа што сакаме да го спречиме теророт врз нашата мила земја… кажете им од што сме направени. Кажете им дека во нашиот ген не постои зборот покорување, туку само зборот НЕПОКОР. И кажете им дека стравот кој го имаат од нас им е оправдан. И ќе изгубат. Бидејќи тие мора да изгубат, за Македонија да победи.
ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ.ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им пројдат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија

Пронајдете не на следниве мрежи: