Огромен број граѓани и вчера, по 68. пат излегоа на улиците и дадоа поддршка на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Народот застана во одбрана на суверенитетот на државата и побара нови избори.Маршот започна пред Владата, продолжи до Народната канцеларија на претседателот Иванов и заврши пред Собранието.
Традиционално, од пред Владата на РМ во еден глас ја испејаа химната и тргнаа по патеката на државноста скандирајќи: избори, избори, Македонија…
Зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис, беа дел од пораките кои вечерва ги испратија организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие побараа државните институции да ги почитуваат законите и да ги ослободат луѓето кои се обвинети за нередите во Собранието кои се случија минатиот четврток.
Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ потенцира дека претседателот Иванов е бедемот на унитарноста и на суверенитетот на Република Македонија.
– Тој е човекот кој нема да дава никаков мандат вон процедура за доделување мандат и на луѓе кои се потписници и кои претставуваат документи кои се закана за Македонија. Претседателе, останете со нас и ние ќе останеме покрај вас, и рамо до рамо ќе ја чуваме оваа држава, му порача Илиевски на Иванов.
Најави дека ќе бидат упорни, цврсти, достоинствени и оти во рамки на Уставот ќе протестираат и во иднина.
Борис Дамовски потенцира дека најголемото оружје на иницијативата е нивната бројност, присуство и истрајност. Истакна дека се ќе направат за правдата да биде задоволена.
– Се ќе направиме правдата да биде задоволена меѓутоа правдата треба да биде задоволена за сите и за прекршителите на Уставот, узурпаторите и окупаторите на ова Собрание, додаде Дамовски.
Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат во понеделник, а граѓанската иницијатива денеска ќе има панел дискусија.
Маршот започна пред Владата, продолжи до Народната канцеларија на претседателот Иванов и заврши пред Собранието.
Традиционално, од пред Вла