Разноразни т.н. тврдокорни групи упорно се обидуваат со недоличен говор и однос да ги навредуваат етничките заедници во Македонија, со крајна цел да бидат поистоветени со Граѓаните за Заедничка Македонија, се вели во Фејсбук статусот на Граѓанската иницијатива.Ваквите обиди на оваа група за која и Зоран Заев се пофали дека имал средба со нив ги сметаме за ништо повеќе од провиден обид да се фрли сенка врз нашата иницијатива која има определени цели и идеали дијаметрално спротивни од недоличните зборови, подбуцнувања и закани кои ги упатуваат групите кои состанчат со Заев и закажуваат протести на места на кои сме секој ден, се со гореспоменатата цел.
Ние сме за Заедничка Македонија во која рамноправно и достоинствено ќе живеат сите граѓани. Мултиетничко, а не бинационално општество до кое водат ваквите т.н. “тврдокорни” изливи на недоличност кои ги осудуваме.
Нема да дозволиме разнебитување на духот на народот и позитивната енергија со која зрачат луѓето кои ја сакаат оваа земја и ги почитуваат своите комшии. 34 дена достоинствено и домаќински повикуваме кон нашите цели и тие им се добро познати на сите граѓани. Затоа одзивот е голем, се поголем и поголем и затоа остваруваме победи.
Диверзантските групи кои после состаноците со Заев се трудат на секој начин да фрлат дамка над нашата демократска и достоинствена борба веќе се препознаени и нема да успеат.
Ги повикуваме сите чесни патриоти да не дозволат да бидат изманипулирани од ваквите групации со зли намери. Местото на секој кој сака Заедничка Македонија му е меѓу нас. На ксенофобите и шовинистите местото не им е меѓу нас.
Повеќе сме. Неброено многу повеќе. И ќе победиме со заедништвото против оние кои сакаат минирање на ова најголемо граѓанско движење преку проѕирни обиди за подметнувања и манипулации.
Ваквата реакција на „За заедничка Македонија“ доаѓа по ФБ статусот на таканаречените Тврдокорни.
За оваа групација медиумите веќе пишуваа дека се инсталација на таканаречената десница, која одработува за СДСМ и Заев.
Ваквите обиди на оваа група за која и Зоран Заев се пофали дека имал средба со нив ги сметаме за ништо повеќе од провиден обид да се фрли сенка врз