Граѓани за Заедничка Македонија, граѓани за правда во Македонија, граѓани кои се борат за нормализација на животот во ова ненормално време. Денес Зоран Заев потпиша документ со кој според многу толкувања се откажа од Тиранската платформа и поради кој го доби мандатот од Ѓорѓе Иванов за формирање влада, како претставник на мнозинската тиранска коалиција во македонскиот парламент, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“.Но, на тој документ ги нема потписите на неговите партнери од тиранската коалиција, иако Заев ветуваше дека ќе ги обезбеди. Го немаше потписот на луѓето за кои пред 100 години тука не живееле Македонци туку Бугари, го немаше потписот на луѓето кои гласно говорат дека македонската химна и македонското знаме не ги чувствувале како свои. Логично, го немаше ни потписот на луѓето кои среде македонскиот парламент ја пееа албанската химна. Немаше потписи од клучните играчи кои учествуваа во газењето и дробењето на македонскиот Устав, понижувањето на демократијата и уништувањето на правната држава, односно луѓето кои Македонија ја носат на патот кон укинување како државен ентитет.
Го има само потписот на бесрамниот политичар полн со т.н. селски итроштини кој според договорот меѓу тиранските коалициони партнери ќе е мандатарот на новото парламентарно мнозинство.
Ова е показател за неколку работи. Прво, уште еднаш се потврди дека зборот на Зоран Заев не вреди ништо, што не е нешто што не сме го знаеле. Второ, со недостигот на нивните потписи на изјавата со која тој гарантира унитарност, незавивност, недоведување на Македонија во подредена положба во однос на други држави и неприфаќање на платформи и декларации со кои се повредуваат државните интереси и се подрива Уставот, се поставува една јасна дилема: Заев или мисли дека ќе ги превесла партнерите од тиранската коалиција, или граѓаните на Република Македонија пред кои ја даде оваа „заклетва“.
Притоа, мора да се спомене дека токму карактерот на Зоран Заев и неговото политичко делување е причината поради која тој е првиот во историјата на независна Македонија кој мора да потпишува документ со кој гарантира дека нема да ја растури државата. Ваков документ не им се дава на потпис на политичари кои уживаат барем каква-таква доверба од сопствениот народ.
Неговиот карактер значи дека за него овој документ можеби и не значи ништо. Но, за судовите ќе значи. За претседателот кој во моментов мораше да постапи по службена должност ќе значи. И најважно…
За нас ќе значи. За сите нас. Овој документ постои во многу поради сите ние, кои пред 80 дена тргнавме на еден пат. На нашиот пат. На патот на почитта, достоинството и правдата. И тој пат ќе продолжиме да го одиме. Добро го знаеме Зоран Заев и неговите ветувања и гаранции кои како што се покажа и денес – не вредат ништо. Неговиот пат не е патот по кој Македонија ќе се развива како мултиетничко општество. Владините коалиции формирани врз база на документи создадени во соседни држави не се патот по кој Македонија нема да биде доведена во положба на потчинетост кон други држави. Неговото повикување на легитимитет врз основ на тапкањето по рамо од странски центри кои функционираат по принципот „кај има сила, нема правдина“, не е патот по кој се заштитува уставниот поредок во Република Македонија. Токму спротивното.
Но, со него и со извршителите на државен удар во Македонија понатаму ќе се занимаваат оние кои единствено имаат право да го прават тоа – Судовите и Граѓаните. Вие. Ние. Сите ние, заеднички. Битката за правна држава тукушто започна. Таму каде што ќе се појави притисок од странските центри кои поради сопствените интереси ќе поддржуваат минхаузенски и шарлатански политички избори, притисок кој неретко се јавувал и во форма на дипломатски дефилеа по судските ходници… таму ќе се јави и отпорот.
Нашиот отпор. Отпорот на граѓаните, на народот кој е вистински владетел на Република Македонија. И отпор кој во време на неправди, кршење Устав и подривање на темелите на македонската држава е – единствената опција.
Борбата продолжува.И ќе победиме.Ќе има правда за Македонија и за сите нејзини граѓани. Тоа им го должиме и на нашите дедовци и на нашите деца.
Да живее Република Македонија.Да живее заедничка Македонија.Но, на тој документ ги нема потписите на неговите партнери од тиранската коалиција, иако Заев ветуваше дека ќе ги обезбеди. Го немаше потписот на л