За жал, Жерновски мораше да се врати од одморот во Барселона!

По вчерашните абери кои ги испраќаше преку социјалните мрежи, и мудруваше по социјалните мрежи, оптегнат на некоја плажа во светските монденски места, Жерновски денес се вратил во Македонија.Наместо да излезе на терен заедно со граѓаните, тогаш кога им беше најпотребен, Жерновски реши да одмара на некоја од плажите во монденските места низ светот, и притоа да испраќа абери по социјалните мрежи, мудрувајќи што граѓаните треба да направат и како да се снаоѓаат со кризата.
Во текот на вчерашниот ден, неколкупати се обидувавме да го добиеме Жерновски на официјалните телефонски броеви на општина Центар но, центарската администрација ги имаше евакуирано просториите на општината, па не успеавме да добиеме никој кој би можел да ни одговори каде е градоначалникот и дали може да ни одговори на неколку прашања.
Единствено успеавме да добиеме некој од поттрчковците на Жерновски кој наводно бил одговорен за чистење на улиците и куќите од поплавите, кој одби да ни каже каде е градоначалникот и како можеме да контактираме со него.
Откако беше прозван, Жерновски решил да се врати назад во Македонија.
Имено, рано утринава во 01.00 часот по полноќ Жерновски, со големи маки и индигнација се вратил во Македонија откако под притисок на медиумите бил приморан да го прекине одморот во Барселона, Шпанија.
Уште денес одржал итна седница на советот, на која „загрижениот“ одлучил да додели 1 милион денари помош за најзагрозените. Евтино…
Имено, единствениот обид за организирање на културен настан во општина Центар кој не се одржа поради лошата организација, и поради – како што се шпекулира – парите кои ги „лапнале“ од локалната самоуправа во Центар, чинеше 30.000 евра. Речси дупло повеќе пари, фрлени во приватни џепови за наводното гостување на Ди-Џејот Стив Аоки.
Концерт кој не се одржа.
Толку од грижата на опозицијата за сопствениот народ. Еден милион денари, па вие ако сакате удавете се!Наместо да излезе на терен заедно со граѓаните, тогаш кога им беше најпотребен, Жерновски реши да одмара на некоја од плажите во монденските места

Пронајдете не на следниве мрежи: