За Зекири протестите на верниците против уривање на црквата се исти како протестите на насилниците кои тешко повредија 30 полицајци

За членот на раководството на СДСМ, Мухамед Зекири, протестите на верниците против уривање на црквата се исти како протестите на насилниците кои тешко повредија 30 полицајци.Зекири можеби се прави дека заборавил, но јавноста ги знае фактите за едните и другите протести. Штетата од протестите во општина Центар беше еден искршен прозорец. Насилниците кои застанаа во одбрана на осудените за грозоморното убиство на 5 момчиња кај Смилковското езеро за време на протестите повредија 30 полициски службеници, палеа автобуси, го искршија судот…
Но, сопартиецот на Заев кој е на платен список на СДСМ и ужива функција на Бихаќка јавно ги брани убијците, а насилниците кои ги штитеа обвинетите од „Монструм“ ги споредува со граѓаните кои се спротивставија на обидот да се спречи изградба на црква.

 На 7 јуни 2013 година поголем број граѓани протестираа пред Општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која Жерновски и СДСМ сакаа да ја сопрат.
На 4 јули 2014 голема група на граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред Јаја Паша џамијата во Чаир кон скопскиот Кривичен суд. Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците. Оваа насилничка толпа повреди 30 полицајци барајќи да бидат ослободени убијци.

-Поголем број хулигани, кои беа дел од екстремно агресивната и насилна толпа, со камења и тврди предмети попладнево ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести. Истите палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата на Основниот суд Скопје 1. Во овие моменти вандалите веќе се потиснати и се преземаат дополнителни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир, информира тогаш МВР.
Ако Зекири сака да зборува за протести и штети, може да направи и анализа на штетата од „Шарената револуција“. Огромни се штетите кои хулиганите поттикнати од СДСМ ги направија во главниот град удирајќи по македонските институции и симболите на нашата историја. На овие насилни протести во првите редови беше и лично Зоран Заев кој фрлаше боја оштетувајќи институции пред себе. Сега кога тој на Зекири му дава плата, јасно е дека нема да биде спомната во постовите на поранешниот новинар штетата направена од политичарот.
Зекири можеби се прави дека заборавил, но јавноста ги знае фактите за едните и другите протести. Штетата од протестите во општина Центар беше еден

Пронајдете не на следниве мрежи: