За злото – на кратко од Венко Андоновски

Често пренесуваме мисли, цртички на Венко Андоновски кај нас. Овој пат само мал дел од една негова колумна насловена како „Алхемија на злото“ од минатиот месец, објавена во Нова Македонија.
Централен проблем на денешниот свет е – наводната борба со злото. Сите формално се борат против него, лоцирајќи го во другиот, но никогаш во себе, и затоа нема никаков успех од таа борба.Централен проблем на денешниот свет е – наводната борба со злото. Сите формално се борат против него, лоцирајќи го во другиот, но никогаш во себе, и затоа нема никаков успех од таа борба.
Притоа, на злото што се лоцира кај другиот секогаш му се дава форма на монструозност, анималност и тератологија (наука за абнормалноста и за чудовиштата во животинскиот и растителниот свет).
За Американците Садам Хусеин и Осама Ладен беа монструми; за нив, пак, Американците беа монструми, како оној монструм од светскиот евергрин-роман на Мери Шели, „Франкенштајн“. Од „Франкенштајн“ на Мери Шели до денес поминаа речиси два века и, оттогаш, злото доживеа многу трансформации: стануваше сè поконкретно и поконкретно, па од книгите и теолошките записи за него полека влегуваше во стварноста.
И, како и во романот на Мери Шели, во кој монструозното сотворение на д-р Франкенштајн се одметнува, така и преостанатите плодови на човековиот ум, кој очигледно е способен да создава и зло, полека ама сигурно се одметнуваат и излегуваат од контрола на оној што ги создал, човекот.
Таблетот и социјалните мрежи, како и патолошката зависност од нив, се само последната форма на одметнатото зло – отуѓеноста. Пред тоа електронско зло се соочивме со злото инкарнирано во човечко тело. Грубо кажано, по Хитлер, злото стана – човекот.
Со холокаустот и нацистите злото веќе немаше рогови и опашка; имаше кукест крст, униформа и целосно човечка лика – ликот на Гебелс или Менгеле, на пример. Некои дури, во таа експлозија на злото во човечко тело, отидоа дотаму што злото му го препишаа и на Бога. Еден виден мислител, кој го преживеа Аушвиц, напиша: „По Аушвиц, Господ не може да постои.“ Централен проблем на денешниот свет е – наводната борба со злото. Сите формално се борат против него,

Пронајдете не на следниве мрежи: