Хуманитарната помош во висина од 150.000 евра, која минатата недела беше најавена од страна на Европската комисија, е значително помала од помошта што стасува од одредени земји-членки на Европската Унија, така и од земјите што се надвор од оваа заедница, анализира Дневник.-Помошта за една од најголемите природни катастрофи што ја зафатила главниот град на нашата држава, дури е помала и од парите што ЕУ ги дава за одредени проекти во земјава. Сумата што ЕK ја најави е само една третина од вкупната – безмалку 600 илјади евра, што Македонците сами, преку телефонски донации, фирми и слично, ја собраа за само една недела, а истовремено е и неспоредлива со донацијата на само една земја – нејзина членка, односно Австрија, која од својот буџет за поплавените делови од Македонија одвои 500 илјади евра. Црна Гора, пак, која се уште не е земја-членка на ЕУ, неодамна донесе одлука да упати помош вредна 200.000 евра, а Албанија од 100.000 евра, пишува весникот.
Поопширно во печатено издание на Дневник-Помошта за една од најголемите природни катастрофи што ја зафатила главниот град на нашата држава, дури е помала и од парите што ЕУ ги дава за одр