Илјадниците луѓе на улиците низ Македонија кои ја бранат државата, се борат за зачувување на унитарноста, јазикот и идентитетот и не ја прифаќаат албанската платформа наметната од Тирана, за Зоран Заев и Петре Шилегов се бандити и фашисти.Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов во вчерашната емисија Топ Тема ги навреди граѓаните на Република Македонија кои што веќе 4 дена протестираат низ градовите во Македонија, нарекувајќи ги „Фашистички орди“.
Според Шилегов, медиумите праќаат отворени повици за, како што вели, фашистички орди да излезеле на улица.
-Во Македонија нас во моментов ни се случува фашизам, рече Шилегов.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пак, не само што не се откажа од албанската платформа чиј творец е албанскиот премиер Еди Рама, и против која секојдневно протестираат илјадници граѓани, туку вчера го повтори ставот дека тој смета оти платформата е позитивна.
-Се сеќавате дека реков дека ние сме позитивни кон оваа платформа, зборував за тоа, рече Заев во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија.
Изјавите на Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ и соопштението на Беса дадени по прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој застана во одбрана на државните интереси на Македонија, според експертите се уште еден доказ дека Зоран Заев ги прифатил сите точки од Албанската платформа донесена во Тирана, а која албанските партии му ја сервираа.
Вчера пак, Илија Димовски објави статус на ФБ во кој ги посочи навредите кон граѓаните на Македонија кои беа искажани од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов и перјаниците на опозицијата, Катерина Блажевски и Сашо Ордановски.
Сите што се борат за зачувување на унитарноста, јазикот и идентитетот биле:
Бандити – Заев
Фашисти – Шилегов
Пијаници – Блажевска
Овци – Ордановски.
Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов во вчерашната емисија Топ Тема ги навреди граѓаните на Република Македонија кои што веќе 4 дена протестираа