Забележан е прв случај на ретка и смртоносна болест која ја пренесуваат крлежите!

Во Словенија е забележан прв случај на бабезиоза, ретка болест која е слична на маларијата и која доколку не се лекува, може да биде смртоносна.Станува збор за инфекција со паразити од видот Babesia, кои ги пренесуваат крлежите и ги напаѓаат црвените крвни зрнца, а која инаку е присутна кај животните.
Во Европа се забележани само неколку десетици случаи на пренос на бабезиоза на луѓе, јавија словенечките медиуми.
Анализата на крвта на една пациентка која била примена во болницата во Мурска Собота, покажала прво вакво заболување во Словенија.
Пациентката имала висока температура, мачнина и болки во мускулите.
Во крвта ѝ биле пронајдени паразити кои предизвикуваат бабезиоза.
Во Словенија, крлежите почесто пренесуваат болести на луѓето кои предизвикуваат лајмска борелиоза, но и други опасни заболувања.Станува збор за инфекција со паразити од видот Babesia, кои ги пренесуваат крлежите и ги напаѓаат црвените крвни зрнца, а која инаку е присутна кај

Пронајдете не на следниве мрежи: