„Ја премина 30-та и остана немажена, дефинитивно има некој проблем.“ Колку пати сте ја изговориле оваа реченица, без подобро да размислите?Ова се најчестите грешки кои ги правите кога сакате да ја дефинирате жената која останала немажена во 4-та деценија од животот:
1. Премногу бара
Никој не може да ги исполни нејзините очекувања. Ова се однесува на дамите кои совршено знаат што сакаат и не се плашат да го побараат. Најчесто, тие се опишуваат како пребирливи, а не како цврсти жени со самодоверба.
2. Очајна е
Во оваа предрасуда најчесто веруваат мажите, кои се уверени дека сите жени по 30-та едвај чекаат новото момче да го однесат пред олтар. Но, вистината е далеку поинаква. Жената која знае што и кога сака, е упорна и сигурна во себе, а не очајна.
3. Не знае како да биде во долга врска
Не се способни да прават компромиси и да се посветат некому. Повторно неточно. Ако до сега жената не доживеала врска во која вреди да прави компромиси, не значи дека никогаш нема да ја доживее.
4. Омажена е за својата работа
Да, напорно работи, но можеби затоа што сака да постигне многу повеќе пред да основа семејство. Свесна е дека кога ќе има сопруг и деца слободните викенди ќе бидат вистинско богатство, а до тогаш, нејзино е да вложи колку повеќе може.Ова се најчестите грешки кои ги правите кога сакате да ја дефинирате жената која останала немажена во 4-та деценија од животот: