Се чини дека кога ќе убиете 10 милиони Африканци, не сте „Хитлер“, вашето име не симболизира олицетворение на злото, и вашата слика не предизвикува страв, омраза и тага: Наместо тоа, крвавите криминали се ставени под историскиот тепих, а жртвите на колонијализмот и империјализмот засекогаш остануваат без глас.Повеќето луѓе немаат поим кој е човекот на сликата, но би требало да го знаете. Ова лице треба да ви предизвикува подеднакво чувство на гадење како кога го гледате Мусолини, Мао, Сталин или Хитлер, бидејќи тој изврши геноцид на Африканците, а резултатот се над 10 милиони убиени луѓе во Конго.
Тој е кралот Леополд II од Белгија.
Ретко кој учел за него на училиште, и уште помала е неговата медиумска покриеност. Тоа е така бидејќи не е вклучен во популарната наратива за опресија (во која се вброени робството во САД и холокаустот).
Кралот Леополд II е виновен за колонијализам, империјализам, поробување и геноцид во Африка, но не е вклучен во наставните планови. Го нема во учебниците по историја.
Белгискиот крал Леополд II имал лична империја, и таа била толку сурова, што не само што може да се мери, туку дури и ги надминува криминалите на најсуровите диктатори на 20-от век.
Кога Леополд се искачил на тронот во 1865 година, народот го избрал како човек кој ветува демократија и реформи по револуциите во земјата. Имал големи амбиции да направи прекуокеанска империја, и бил убеден дека просперитетот на неговата држава зависи од ресурсите што ќе ги црпи од колониите.
Под маската на „филантропски“ и „научни“ напори, под знамето на Меѓународното Африканско Општество, тој ја употребил робовската работна сила за да ги црпи ресурсите на Конго. Неговото кралство е зајакнато со помош на мачење, убивање и масакрирање со помош на приватната армија.
Империјата е позната како Слободната Држава Конго, на чие чело стоел Леополд како неоспорен господар на робовите. Речиси 30 години, наместо да биде стандардна колонија на европска власт, Конго бил лична сопственост на Леополд II, со единствена цел за негово лично богатење.
Најголемата плантажа во светот, што е 76 пати поголема од Белгија, е богата со минерали и земјоделски ресурси, и изгуби половина од популацијата: Во 1924 година, пописот брои само 10 милиони луѓе.
Интересно, кога во САД се учи за Африка, се учи за некаква карикирана верзија на Египет, за епидемијата на ХИВ вирусот, и само површно е начната трговијата со робовите, а оние во подобрите училишта учат и по нешто за апартхејдот. Може да се видат и многу слики од гладни деца на рекламите, сафари, животни и пустини.
Она што не се учи е Големата Африканска Војна на крвавото владеење на Леополд за време на геноцидот во Конго. Леополд го претворил Конго во лична плантажа, концентрационен логор, христијанска мисија, а сепак, во историјата е заобиколена приказната за неговата тиранија.
Се чини дека кога ќе убиете 10 милиони Африканци, не сте „Хитлер“, вашето име не симболизира олицетворение на злото, и вашата слика не предизвикува страв, омраза и тага: Наместо тоа, крвавите криминали се ставени под историскиот тепих, а жртвите на колонијализмот и империјализмот засекогаш остануваат без глас.Повеќето луѓе немаат поим кој е човекот на сликата, но би требало да го знаете. Ова лице треба да ви предизвикува подеднакво чувство на гадење како