ЗАБОРАВЕТЕ на хемијата: Извапцајте ги јајцата на ПРИРОДЕН И ЗДРАВ НАЧИН!

Доколку сакате за овој Велигден да избегнете да ги вапцате јајцата со хемиски бои, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие предлози.Жолти јајца
За убава жолта боја ви се потребни лушпи од орев, кои е потребно да се варат петнаесеттина минути пред да ги ставите јајцата во водата. Доколку сакате поинтензивна боја, додадете кора од портокал или испробајте го овој начин: во половина литар вода ставете неколку лажици кари, варете 30 минути, оладете, процедете, па во оладената вода потопете ги штотуку сварените јајца. Нека отстојат еден час во водата.
Црвени јајца
Сварете ги јајцата во вода во која претходно ќе дадете корен од цвекло или црвен радич, а можете и да ги сварите со лушпи од црвен кромид. Во загреаните четири филџани вода, додете цвекло исечено на парчиња и две лажици оцет. Црвената боја за јајцата ќе ја добиете ако ги варите јајцата во сок од вишни, а интензивната црвена ќе ја добиете ако ги варите во сок од малини.
Кафеави јајца
Омилениот и најстар начин за боење на јајцата е во лушпа од кромид. Во големо тенџере наредете ред лушпи од кромид, ред јајца (кои претходно стоеле на собна температура барем 24 часа пред варењето), додадете лажичка сол, лажичка оцет и вода. Оставете да зоврие на тивок оган околу 15 минути.

Боење со чај
Ако за боење на јајцата користите чај (зелениот чај дава жолта боја, црниот портокалово-жолта, од шипки сива), тогаш треба да ја следите оваа постапка: во филџан ставете кесичка чај и една лажица оцет. Прелијте со врела вода и оставете да отстои десетина минути. Штотуку свареното јајце потопете го во филџанот. По 20 минути ќе добиете обоено јајце.
Зелени јајца
За да добиете зелени јајца, најдобро е да користите свеж спанаќ. Исечкајте го спанаќот и добро изгмечете го, па сварете го како и претходните состојки. Убавата зелена боја може да се добие и од праз или коприва.
Портокалови јајца
Изрендајте моркови (5-6 парчиња), па прелијте со малку вода и оставете да отстои неколку минути. Потоа, сварете ги јајцата во 250 мл вода и ќе добиете природна портокалова боја.
Сини јајца
Исечкајте и добро изгмечете листови од црвена зелка. Потоа, сварете ги во половина литар вода и оставете да се готват најмалку 30 минути на тивок оган. Извадете ги листовите од зелката и потоа додадете ги оцетот и јајцата. Продолжете со готвење околу 15-тина минути.
Виолетови јајца
Во врела вода додадете љубичици и неколку цветови на зумбул, варете околу 15 минути и потоа додадете ги јајцата. Доколку сакате боја на лаванда, тогаш помешајте еден филџан сок од грејпфрут и лажичка оцет.
За да добиете виолетова боја, прво сварете јак чај од боровница, па во него околу 15 минути варете ги јајцата на тивок оган.Жолти јајца
За убава жолта боја ви се потребни лушпи од орев, кои е потребно да се варат петнаесеттина минути пред да ги с

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.